Автори
ШТО Е АВТОР?
Автор е физичко лице кое го создало авторското дело. На авторот му припаѓа авторското право над неговото авторско дело со самото создавање на делото. Музиката е авторско дело. Авторот како носител на право, има право на правичен надомест за секој вид користење на авторското дело.
ЗАМП е организација за колективно управување на авторските музички права, на носителите на авторски музички права . Во согласност со чл.135 ст.1 од Законот за авторското право и сродните права на РМ, ЗАМП издава дозвола за користење на авторски музички дела, а корисникот е должен во рок не подолг од 15 дена од користењето, да достави до ЗАМП целосни податоци за користените дела, местото и времето на користењето, и да изврши исплата на надоместоците. Врз основа на наплатените авторски надоместоци се врши пресметка и исплата на авторските хонорари како на домашните така и на странските автори. Согласно Законот за авторското право и сродните права на РМ странските автори и носители на права уживаат еднаква заштита како и домашните.
Остварувањето на правата на домашните автори надвор од РМ, како и на странските автори во РМ, ЗАМП ги остварува согласно на склучените договори со соодветни странски организации членки на Меѓународната конфедерација на Друштва на автори и композитори CISAC, која обединува 231 друштва од 121 земја во светот, со бројка над 4.000.000 автори.
Во РМ има 6946 автори кои остваруваат заштита на авторски музички права евидентирани при пресметката на авторските хонорари. ЗАМП има склучени договори или полномошна со 2569 домашни автори, кои се во нашата документација и имаат пријавено 61915 музички дела.
Како членови на ЗАМП со пристапни изјави се 2012 автори.
Автор е физичко лице кое го создало авторското дело. На авторот му припаѓа авторското право над неговото авторско дело со самото создавање на делото.
Музиката е авторско дело. Авторот како носител на право, има право на правичен надомест за секој вид користење на авторското дело.