...

Историјат на ЗАМП

ЗА НАС

Здружението за заштита на авторски музички права-ЗАМП е организација за колективно управување на авторските музички права, во согласност со ЗАПСП, Статутот и Дозволата на Министерството за култура на Република Македонија.
ЗАМП во континуитет со различна организациона поставеност функционира од 1947 год. исклучиво во областа на колективното управување на авторските музички права.

За извршување на стручните и административните-техничките работи за потребите на Здружението поврзани со колективното управување на авторските права, односно со целите и задачите за кои е основан, ЗАМП има основано и стручна служба.
Стручната служба на ЗАМП е поделена на сектори и тоа :

  • Перцепција со развиена застапничка мрежа . низ целата република ;
  • Финансов сектор;
  • Сектор за документација и меѓународна соработка
  • Сектор за репартиција

Во РМ има 6820 автори кои остваруваат заштита на авторски музички права евидентирано при пресметката на авторскиот хонорар. ЗАМП има склучени договори или полномошна со 2427 домашни автори, кои во нашата документација имаат пријавено 59514 музички дела.
Како членови на ЗАМП со пристапни изјави се 1964 автори.

Остварувањето на правата на домашните автори надвор од РМ, како и на странските автори во РМ, ЗАМП ги остварува согласно на склучените договори со соодветни странски организации членки на Меѓународната конфедерација на Друштва на автори и композитори CISAC, која обединува 231 друштво од 121 земја во светот, со бројка над 4.000.000 автори.

ЗАМП е примен како придружен член на CISAC во мај 1993 година, за да во мај 2005 година биде назначен за Редовен член. Денес, ЗАМП има склучено 53 договори со сродни авторски друштва во областа на малите права, како и 16 договори во областа на механичките права.
Министерството за култура на РМ со Решение бр. 07-1733/19 од 26.11.1998 год. ( Сл. весник на РМ бр. 78/99), а врз основа на чл.165 од ЗАПСП, на ЗАМП му издаде Решение за Дозвола за колективно остварување на авторското право на несценски музички дела, која ЗАМП со успех ја остварува до денес.

Со Решение бр. 17-2045/13 од 12.06.2003 година (Сл.Весник на РМ бр 19/03) Министерството за култура на РМ му издаде на ЗАМП Решение за привремена Дозвола за колективно остварување на кабелско реемитување на авторски музички дела.
Врз основа на членовите 149 и 197 од Законот за авторското право и сродните права ( „Службен весник на РМ „ бр.115/10 и 140/10), во согласност со членовите 130,131,132,146,147 и 148, а во врска со членот 156 од Законот, министерот за култура издаде Решение за давање дозвола за колективно управување бр. 54-54/1 од 08.04.2011 а објавено во сл. весник на РМ од 10.05.2011.

ЗАМП, согласно ЗАПСП и Статутот на здружението работи со непрофитна цел, врз принципите на рационалност и транспаретност и со почитување на правата за конкуренција, а своите права и обврски и одговорности ги извршува во согласност со Уставот на Р.Македонија и законите. Здружението ги има следните органи:

  • Собрание
  • Управен одбор 
  • Надзорен орган

Kолективното управување со правата на носителите на права опфаќа правни работи со корисниците на правата, прибирање на надоместоци од користењето, нивна распределба и заштита на правата пред државни органи и други субјекти.
Колективното управување на правата на домашните автори кои се користат во странство, Здружението ги врши врз основа на посебни договори кои ги склучува со соодветни странски организации.
Здружението колективно ги управува на територијата на Р.Македонија и правата на странските автори и носители на права, ако нивните дела уживаат заштита според ЗАПСП и врз основа на меѓународните конвенции и други договори склучени меѓу Р.Македонија и други земји, како и врз основа на реципрочни договори склучени меѓу Здружението и соодветни странски здруженија.
Собранието на ЗАМП ги донесува општиот акт за распределба на надоместоците и општиот акт за определување на висината на надоместоците-тарифа.

Scroll to Top

V. ХОТЕЛИ

ТАРИФЕН БРОЈ 5

1. За користење на музички дела во пансиони, хотелски соби, апартмани, хотелски населби, апартмански населби и сл. сместувачки капацитети, по пат на радио апарати, интерна телевизија од затворен тип или било која друга телевизиска или кабелска мрежа месечниот надомест изнесува 5 бода по реализирано ноќевање.

2. За користење на музички дела во заеднички простории на хотели (фоаје, ресторан сали и сл.) месечниот надомест се утврдува според категоријата на хотелот и тоа:

а) за хотели од В категорија, апартмани, пансиони и мотели од трета категорија надоместот изнесува 200 бода.
б) за хотели од IV и III категорија, мотели, апартмани и пансиони од втора категорија надоместот изнесува 400 бода.
в) за хотели од II категорија, мотели, апартмани и пансиони од прва категорија надоместот изнесува 800 бода.
г) за хотели од I категорија надоместот изнесува 1.200 бода.
д) за хотели де лукс категорија надоместот изнесува 2.000 бода.

3. Корисникот е должен да доставува до 15-ти во месецот за претходниот месец, извештај за бројот на реализирани ноќевања согласно точка 1 од овој тарифен број. Во случај кога корисникот нема да достави извештај во предвидениот рок кој треба да е идентичен со доставениот извештај до надлежен орган (Министерство за внатрешни работи на РМ и Локалната самоуправа) месечниот авторски надоместок ќе се пресметува во зависност од капацитетот на објектот и тоа:

а) до 25 гости 500 бода
б) од 26 до 50 гости 1.000 бода
в) од 51 до 75 гости 1.700 бода
г) од 76 до 100 гости 2.500 бода
д) од 101 до 500 гости 3.600 бода
ѓ) повеќе од 500 гости 6.000 бода

VII. ЗАНАЕТЧИСКИ ДУЌАНИ

ТАРИФЕН БРОЈ 7

1. За користење на музички дела по пат на механичка музика во берберски или фризерски салони, слаткарници, бурекџилници, сендвичари или други занаетчиски дуќани (со исклучок на простории во кои занаетчиска дејност врши физичко лице-занаетчија регистриран во Регистарот на занаетчии), месечниот надомест се утврдува во зависност од големината на просторот и изнесува:

а) од 01 до 30 м2 основицата изнесува 1 бод по 1 м2;
б) од 31 до 100 м2 основицата изнесува 0,8 бода по 1 м2 и
в) од 101 до 200 м2 основицата изнесува 0,7 бода по 1 м2 и
г) над 200 м2 основицата изнесува 0,6 бода по 1 м2

2. Кога музичките дела се соопштуваат и на отворен јавен простор, надоместот од претходниот став се зголемува за 100 бода.

XXVII. ИНТЕРНЕТ УСЛУГИ

Емитување и пренос на телевизиски програмски сервис

ТАРИФЕН БРОЈ 27

1. Стриминг на музички содржини без можности за даунлоудирање:
Авторскиот надоместок за користење на интернет услуги изнесува 10% од приходот на интернет страницата со музички содржини, но не помалку од минималниот износ, утврден во следната табела според категории:

Минималниот надомест за наведените категории се пресметува независно една од друга, а потоа се собираат.

Приходот се дефинира како приход од претплата, реклами, спонзорства, дотации, провизии, цесии, компензации и слични страници со музички содржини.

2. Даунлоудирање на музички дела Авторскиот надомест изнесува 8 % од малопродажната цена на содржината. Минималниот надомест изнесува 1 бод по дистрибуиран дел.

XXI. ТРГОВСКИ РАДИО ДИФУЗНИ ДРУШТВА

Емитување и пренос на радио програмски сервис

ТАРИФЕН БРОЈ 21

1) За емитување на несценски музички дела по пат на радио, кога користењето на авторското дело, се врши од страна на радио организација во која е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместoкот за користење се определува во номинален износ кој се пресметува во зависност од траењето на емитувањето, односно користењето евидентирано во системот за електронска евиденција.

2) кога користењето на авторското дело, се врши од страна на радио организација во која не е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во процент од приходот кој ги опфаќа средствата од радиодифузната такса и/или претплатата, рекламите, спонзорствата, дотациите и приходите од промет на програми. Како приход не се сметаат средствата од данок на додадена вредност, средствата од кредити и камати на кредити.

3) Организацијата за колективно управување и радио организацијата во случајот од точката 1) на овој став на барање на радио организацијата со договор можат да утврдат надоместот за користење на авторското дело односно предметот на сродно право да се определи во процент од приход согласно точка 2) од овој став.

4) При утврдување на надоместокот се зема во предвид и структурата и природата на програмата (форматот на радиодифузниот сервис), согласно со издадената дозвола за вршење радиодифузна дејност и тоа:

а) говорни и говорно-музички радија од општ формати во зависност од медиумската функција која ја остваруваат можат да бидат:

  • претежно образовен општ формат,
  • претежно информативен општ формат и
  • претежно забавен општ формат.

б) говорни и говорно-музички радија од специјализиран формат;
в) музичко-говорни и музички радија од општ формат и
г) музичко-говорни и музички радија од специјализран формат.

5) Подрачјето односно сервисната зона на која се врши дејноста.

Доколку со договор не е поинаку утврдено, авторскиот надомест се плаќа месечно согласно приложената табела. 

Радио програмски сервиси на локално ниво

Радио програмски сервиси на регионално ниво

Радио програмски сервиси на државно ниво

VI. ПРОДАЖНИ ЦЕНТРИ И ДРУГИ ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИ

ТАРИФЕН БРОЈ 6

1. За користење на музички дела по пат на механичка музика во продажни (шопинг) центри,стоковни куќи, бензиски пумпи, супермаркети, продавници, бутици, деловни простории и сл. месечниот надомест се утврдува во зависност од големината на просторот и изнесува:

а) од 01 до 30 м2 основицата изнесува 1 бод по 1 м2;
б) од 31 до 100 м2 основицата изнесува 0,8 бода по 1 м2 и
в) од 101 до 200 м2 основицата изнесува 0,7 бода по 1 м2 и
г) над 200 м2 основицата изнесува 0,6 бода по 1 м2

2. Кога музичките дела се соопштуваат и на отворен јавен простор надоместот од претходниот став се зголемува за 100 бода.

XXVI. ДАВАЊЕ ПОД НАЕМ

ТАРИФЕН БРОЈ 26

Авторскиот надомест за давање на фонограми и видеограми под наем изнесува 4% од висината на наемнината, врз основа на приложен извештај од корисникот најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.

XXIV. ЕМИТУВАЊЕ ПРЕКУ САТЕЛИТ ПО ПАТ НА СРЕДСТВА ЗА ДЕКОДИРАЊЕ НА СИГНАЛ (DIRECT TO HOME технологија)

ТАРИФЕН БРОЈ 24

Доколку со договор не е поинаку утврдено, авторскиот надомест за емитување на авторски музички дела преку сателит по пат на средства за декодирање на сигнал (DIRECT TO HOME технологија) плаќаат надомест во висина од:

  • 3,5 бода, по претплатник, месечно.

Операторот е должен да достави извештај за бројот претплатници, најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.

XXII.ТРГОВСКИ РАДИО ДИФУЗНИ ДРУШТВА

Емитување и пренос на телевизиски програмски сервис

ТАРИФЕН БРОЈ 22

1. За емитување на несценски музички дела по пат на телевизија, кога користењето на авторското дело, се врши од страна на телевизиска организација во која е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во номинален износ кој се пресметува во зависност од траењето на емитувањето, односно користењето евидентирано во системот за електронска евиденција.

2) кога користењето на авторското дело, се врши од страна на телевизиска организација во која не е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во процент од приходот кој ги опфаќа средствата од радиодифузната такса и/или претплатата, рекламите, спонзорствата, дотациите и приходите од промет на програми. Како приход не се сметаат средствата од данок на додадена вредност, средствата од кредити и камати на кредити.

3) Организацијата за колективно управување и телевизиската организацијата во случајот од точката 1) на овој став на барање на телевизиската организација со договор можат да утврдат надоместот за користење на авторското дело односно предметот на сродно право да се определи во процент од приход согласно точка 2) од овој став.

4) При утврдување на висината на надоместокот се зема во предвид и структурата и природата на програмата (форматот на радиодифузниот сервис), согласно со издадената дозвола за вршење радиодифузна дејност и тоа:

а) Телевизискиот програмски сервис од општ формати во зависност од медиумската функција која ја остваруваат можат да бидат:

  • претежно образовен општ формат;
  • претежно информативен општ формат и
  • претежно забавен општ формат.

б) Телевизискиот програмски сервис од специјализиран формат.

5) Подрачјето односно сервисната зона на која се врши дејноста.

Доколку со договор не е поинаку утврдено, авторскиот надомест се плаќа месечно согласно приложената табела.

Телевизиски програмски сервиси на локално ниво

Телевизиски програмски сервиси на регионално ниво

Телевизиски програмски сервиси на државно ниво

XX. ЈАВНО РАДИОДИФУЗНО ПРЕТПРИЈАТИЕ

ТАРИФЕН БРОЈ 20

1) За емитување на несценски музички дела, кога користењето на авторското дело се врши од страна на ЈП Македонска радиотелевизија доколку е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во номинален износ кој се пресметува во зависност од траењето на емитувањето, односно користењето евидентирано во системот за лектронска евиденција.

  • Месечниот надомест изнесува: номинален износ од 28,02 денари за секоја минута од ефективното траење на делото емитувано на програмите на Македонското радио и
  • номинален износ од 145,25 денари за секоја минута од ефективното траење на делото емитувано на програмите на Македонската телевизија.

2) кога користењето нa авторското дело, се врши од страна на страна на ЈП Македонска радиотелевизија доколку не е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во процент од приходот кој ги опфаќа средствата од радиодифузната такса и или претплатата, рекламите, спонзорствата, дотациите и приходите од промет на програми. Како приход не се сметаат средствата од данок на додадена вредност, средствата од кредити и камати на кредити. Месечниот надомест изнесува:

  • 3 % од приходите остварени врз основа на радио-
    дифузната такса и
  • 3% од приходите остварени врз основа на рекла-
    мите, спонзорствата, дотациите и приходите од промет
    на програми.

3) Организацијата за колективно управување и ЈП Македонска радиотелевизија во случајот од точката 1) на овој став на барање од ЈП Македонска радиотелевизија со договор можат да утврдат надоместот за користење на авторското дело односно предметот на сродно право да се определи во процент од приход согласно точка 2) од овој став.

XIX. СВИРАЧИ ПОЕДИНЦИ

ТАРИФЕН БРОЈ 19

Надомест плаќаат свирачи поединци (улични свирачи и др.) кои се регистрирани согласно закон за јавно соопштување на музички дела месечно во износ од 50 бода.

XVIII. МУЗИЧКИ АВТОМАТИ

ТАРИФЕН БРОЈ 18

За јавно соопштување на музички дела од музички автомати без екран, надомест се плаќа месечно и изнесува 300 бода.

За јавно соопштување на музички дела од музички автомти со екран, надомест се плаќа месечно и изнесува 450 бода.

XVII. АЕРОБИК, ФИТНЕС И САЛОНИ ЗА УБАВИНА

ТАРИФЕН БРОЈ 17

За користење на музички дела по пат на механичка музика во центри за аеробик, фитнес и салони за убавина (козметика и масажа) месечниот надомест изнесува:


а) до 50 м2 основицата изнесува 1 бод по 1 м2 и

б) од 50 м2 до 200 м2 основицата изнесува 1,5 бода по 1 м2.

в) за секој квадратен метар над 200 м2 основицата изнесува 2 бода по 1 м2.

XVI. ШКОЛИ ЗА ИГРАЊЕ

ТАРИФЕН БРОЈ 16

Надомест се плаќа месечно и изнесува без оглед на видот на музиката 240 бода.

XV. СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ

ТАРИФЕН БРОЈ 15

За користење на музички дела по пат на механичка музика на спортски простори, лизгалишта, базени и сл., месечниот надомест изнесува по следнава табела:

Број на седишта Број на бодови
до 1500 седишта
100 бода
од 1501 - 3000 седишта
150 бода
од 3001 - 10000 седишта
200 бода
од 10001 - 30000 седишта
300 бода
над 30001 седишта
400 бода

XIV. ЗАБАВНИ ПАРКОВИ

ТАРИФЕН БРОЈ 14

За користење на музички дела по пат на механичка музика во забавни паркови, месечниот надомест изнесува 100 бода.

XIII. САЛОНИ ЗА ЗАБАВА

ТАРИФЕН БРОЈ 13

За користење на музички дела по пат на механичка музика во салони за забава и игри на среќа (обложувалници, билијард, автомати, флипери и сл.), доколку не се даваат угостителски услуги, месечниот надомест изнесува 50 бода.

XII. ТЕЛЕКОМ УСЛУГИ

ТАРИФЕН БРОЈ 12

За соопштување на музички дела по пат на  телефон надомест се плаќа месечно во износ од 10% од приходот остварен остварен по тој основ, според бројот на регистрирани импулси.

Доколку корисникот не достави податоци за остварениот приход, надоместот ќе се пресмета во двоен износ од последниот месец за кој постојат податоци.

Доколку се работи за нов корисник кој нема да достави податоци за остварениот приход, надомест ќе му се пресмета во двоен износ, врз основа на просекот на податоци добиени од други корисници.

XI. КИНО САЛИ

ТАРИФЕН БРОЈ 11

За користење на музички дела по пат на механичка музика, пред почетокот на претставата, во паузата или по претставата во кино салата, се плаќа месечен надоместок по следната табела:

Број на седишта Број на бодови
до 100 седишта
24 бода
од 101 до 200 седишта
40 бода
од 201 до 400 седишта
80 бода
од 401 до 600 седишта
120 бода
над 601 седишта
160 бода

X. ЧЕКАЛНИЦИ И СТАНИЦИ

ТАРИФЕН БРОЈ 10

За користење на музички дела по пат на механичка музика месечниот надомест изнесува:-

  • на автобуски станици 240 бода, 
  • на железнички станици 320 бода,
  • на бродски пристаништа 320 бода,
  • на аеродроми 400 бода.

IX. СЛУЖБЕНИ ПРОСТОРИИ СО МАСОВЕН ПРИСТАП НА СТРАНКИ (БАНКИ, АГЕНЦИИ )

ТАРИФЕН БРОЈ 9

За користење на музички дела по пат на механичка музика во банки, агенции и сл.простории со масовен пристап на странки месечниот надомест изнесува 100 бода.

VIII. САЕМИ

ТАРИФЕН БРОЈ 8

За користење на музички дела по пат на механичка музика, надомест се плаќа во висина од 300 бода дневно.

XXV. КАБЕЛСКО РЕЕМИТУВАЊЕ РАДИО И ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОГРАМИ ВО КАБЕЛСКА МРЕЖА

ТАРИФЕН БРОЈ 25

Доколку со договор не е поинаку утврдено, авторскиот надомест за емитување на авторски музички дела за дистрибуција на радио и телевизиски програми во кабелска мрежа, кабелските оператори плаќаат надомест во висина од:

  • 3,5 бода, по претплатник, месечно.

Операторот на кабелска мрежа е должен да достави извештај за бројот на претплатници, до 15-ти во месецот за претходниот месец.

IV. ДРУГИ ПРИРЕДБИ

ТАРИФЕН БРОЈ 4

1.За јавно соопштување на музички дела по пат на механичка музика во угостителските објекти, диско клубови и ноќни барови, месечниот надомест се утврдува врз основа на бројноста на потенцијалните корисници, категоријата и големината на просторот, правата, видовите и обемот на нивното користење односно траење на јавното соопштување и изнесува како што е предвидено во следната табела:

Број на столови во затворен или отворен простор, односно можен број посетители Трање на јавното соопштување на музички дела (до 24 часот) / (Бодови) Трање на јавното соопштување на музички дела (по 24 часот) / (Бодови)
до 40
120
240
од 41 до 80
160
320
од 81 до 120
200
400
од 121 до 180
240
480
од 181 до 240
280
560
од 241 до 300
320
640
од 301 до 360
360
720
од 361 до 420
400
800
од 421 до 480
440
880
од 481 до 540
480
960
од 541 до 600
520
1040
од 601 до 660
560
1120
од 661 до 720
600
1200
од 721 до 780
640
1280
од 781 до 840
680
1360
од 841 до 900
720
1440
од 901 до 1000
760
1520
Над 1001
800
1600

2. За користење на жива музика основицата од став 1 се зголемува за 50%.

3. Во случаи кога се наплатуваат влезници или задолжителна консумација, основицата од став 1 и 2 се зголемува за дополнителни 50%.

III. ДРУГИ ПРИРЕДБИ

ТАРИФЕН БРОЈ 3

За јавно соопштување музички дела:

а) на танцов натпревар, ревија на мраз, кабаре, балет, академија или слична приредба со наплата на влезници, надоместот изнесува 6% од приходот, а најмалку 500 бода колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наведената наплата;

б) на модна ревија, избор на убавица, демонстрација на производи или слични приредби со наплата на влезници, надоместот изнесува 4% од приходот, а најмалку 500 бода колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наведената наплата;

в) на циркуска, артистичка или слична приредба со наплата на влезници, надоместот изнесува 3% од приходот, а најмалку 500 бода колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наведената наплата.

г) на спортски приредби надоместот изнесува:

  • до 1500 седишта 100 бода
  • до 1501 – 3000 седишта 150 бода
  • од 3001 – 10.000 седишта 200 бода
  • од 10.001 – 30.000 седишта 300 бода
  • над 30.001 седишта 400 бода
Тарифен Број 2

Тарифен Број 2

II. ЗАБАВНИ ПРИРЕДБИ

За јавно соопштување на музички дела:

а) на забава, игранка, другарска вечер, прослава, банкет, матурска, бруцошка, дипломска, клупска вечер и сл. со наплата на влезница или друг облик на наплата надоместот изнесува 8% од приходот.
На забава, игранка, другарска вечер, прослава, банкет, матурска, бруцошка, дипломска, клупска вечер и сл.во случај кога приредбата е без наведената наплата надоместот изнесува 8% од трошоците потребни за кoристењето, како што се надоместоците на авторите, трошоците за користење на просторот и други соодветни трошоци.

б) на сезонски забавни приредби како што се бал, маскенбал, карневал, пречек на Нова година, 8 март и слични со наплата на влезници или друг облик на наплата, надоместот изнесува 9,60% од приходот. На сезонски забавни приредби како што се бал, маскенбал, карневал, пречек на Нова година, 8 март и слични во случај кога приредбата е без наведената наплата надоместот изнесува 9,60% од трошоците потребни за користењето, како што се надоместоците на авторите, трошоците за користење на просторот и други соодветни трошоци.

в) на приредби (свадби, крштевки, сунети и слични приредби) со наплата на влезници или друг вид на наплата надоместот да изнесува 4% од приходот.

На приредби (свадби, крштевки, сунети и слични приредби) во случај кога приредбата е без наведената наплата надоместот изнесува 4 % од трошоците потребни за користењето, како што се надоместоците на авторите, трошоците за користење на просторот и други соодветни трошоци.