Легално користење на музика
Законот за авторско право и сродни права налага за јавна употреба на музичко дело, пред почетокот на употребата, корисникот да мора да добие дозвола, во сите случаи кога добивањето дозвола е пропишано со закон, корисникот е обврзан да плати надоместок за користење во износот определен со тарифата, а во согласност со поединечните договори треба да доставите и податоци за обемот и начинот на користење (во случаи каде што е применливо).
Музичкиот репертоар кој опфаќа огромен број на дела и фреквенцијата на користење на тие дела која е преголема, практично е невозможно да се преговара за дозвола и користење на секое дело поединечно со авторот.
Тој проблем е надминат со помош на организацијата за колективно остварување на авторските права. Организацијата е врската помеѓу вас како корисници на музички дела и авторот.
Задачата на колективната организација е да ги пренесе правата на сопственост што и ги доделиле авторите, а корисниците се должни да ги платат надоместоците за користење на авторски музички дела согласно ЗАПСП.