Тарифи и обрасци за корисници
Интернет технологијата е област која многу бргу се развива и е тешко да се биде во чекор со овој развој. Овој начин на искористување на авторските музички дела преку интернет услугите е предвиден во - Тарифен број 27
- Интернет радио- web simulcasting или чист web радио
- Пренос на јавни изведби со музика – web streaming
- Кулисна музика (по дело)
- Преслушување на барање – ставање на располагање на јавноста без можност за download – превземање на музички дела
Согласно Решението за давање дозвола за колективно управување бр. 54-5454/1 од 08.04.2011 година, објавено во Службен весник на РМ бр. 65/11, ЗАМП потпиша Договори за реемитување на музички содржини во телевизиски и радио програми на територија на Р. Македонија со кабелските и ИПТВ оператори. Договорите се применуваат од 01.01.2017 до 31.12.2019 година
Согласно Решението за давање дозвола за колективно управување бр. 54-5454/1 од 08.04.2011 година, објавено во Службен весник на РМ бр. 65/11 и член 52 од Статутот на ЗАМП, потпишани се Генерални лиценцни договори во врска со дозволата за симултано, непроменливо и неограничено реемитување на телевизиски програми помеѓу имателите на права:
- EBU Радиодифузните коорпорации, јавни радиодифузни организации
- VG Media Коорпорација на приватните германски телевизиски канали
- RTL International GmBH, групација на РТЛ германските канали
и кабелските и ИПТВ операторите во Р. Македонија. Во Договорите ЗАМП се јавува како претставник на имателите на права со право на колективно управување. Договорите се применуваат од 01.01.2017 до 31.12.2019 година.
- Договор за реемитување на музички содржини во телевизиски и радио програми на територија на РМ
- Генерален Лиценцен Договор
- Список на кабелски оператори со потпишани договори за реемитување на музички содржини
- Список на кабелски оператори со потпишани генерални лиценцни договори
За организирање на (концертна, интерпретаторска, танцова и сл) музичка приредба согласно чл. 135 од Законот за авторското право и сродните права (Сл. весник на РМ бр. 115/10,140/10, 51/11), организаторот е должен најдоцна 15 дена пред денот на користењето на авторски дела, да ја извести организацијата и да побара дозвола за користење, а во нареден рок, не подолг од 15 дена од денот на користењето, да и достави на организацијата целосни податоци за користените дела, за местото и времето на користењето и да изврши исплата на надоместоците за коритењето.
Корисникот е должен без одлагање да ја извести соодветната организација за секоја промена на околностите за јавно користење или за негово престанување, заради измени на условите на дозволата, односно повлекување на дозволата.
Во случаи кога организацијата не е известена, не и се доставени целосни податоци или не е добиена дозвола, на нејзино барање, надлежниот суд определува времена мерка-забрана за користењето.
Надоместокот за јавно соопштување односно објавување музички дела кои ЗАМП колективно ги управува на територијата на Р.Македонија) се определува во зависност од видот на приредбата која е содржана во Правилникот со Тарифа за користење авторски музички дела (Сл. весник на РМ бр.154/11)
- Музички приредби (концерти на сериозна музика, концерти на забавни приредби, дела на заштитени автори во духот на народната музика, концерт на изворна и обработена народна музика (песни и игри), концерти на џез музика, музички фестивали) - Тарифен број 1
- Забавни приредби (матурска прослава, бруцошка прослава, дипломска прослава , маскембал, карневал, пречек на Нова година, 8ми Март и друго) -Тарифен број 2
- Други приредби (танцов натпревар, модна ревија, циркуски, артистички или слични приредби, избор на убавица, спортски приредби, свадби, крштевки, сунет и друго) - Тарифен број 3
Радиодифузните организации при емитување на своите програми, користат музика која е нечие авторско дело за кое се обврзани да исплатат авторски надомест на соодветното Здружение за колективно управување- ЗАМП.
РТВ организациите се должни еднаш месечно да му доставуваат на ЗАМП прегледи на емитувани авторски дела, во облик и содржина определени со договор.
Користењето на репертоарот без дозвола на ЗАМП, претставува кривично дело согласно одредбите од ЗАПСП односно Кривичниот закон.
Надоместокот за Радиодифузни организации е содржан во Правилникот со тарифа:
- Јавен Радиодифузен сервис-Македонската Радио и Телевизија( МРТВ)-
Тарифен број 23
- Приватни електронски медиуми
1. Емитување и пренос на радио програмски сервис-
Тарифен број 242. Емитување и пренос на телевизиски програмски сервис-
Тарифен број 25
За јавно соопштување на музички дела по пат на механичка музика во угостителски објекти потребно е да се исплати авторски надомест на ЗАМП согласно Правилникот со тарифа.
Механичка музика е музиката која се пренесува преку некој носач на звук (радио приемник, ТВ, компјутер…). Користењето на музика во угостителските објекти придонесува кон зголемување на пријатноста на крајните корисници и е составен дел од Вашата работа и затоа е потребно да се плати соодветен надоместок за користените авторски дела .
За повремено или постојано јавно соопштување на музички дела во угостителските објекти надоместокот за користените авторски дела се наплатува во согласност со Правилникот со Тарифа и Тарифник 2011 и во зависност од типот на објектот
Објекти кои подлежат на надомест за повремено или постојано јавно соопштување на музички дела се:
- Угостителски објекти – Тарифен број 4
- Хотели – Тарифен број 5
- Трговски и други деловни простори – Тарифен број 6
- Занаетчиски дуќани – Тарифен број 7
- Одмаралишта и планинарски домови– Тарифен број 8
- Саеми – Тарифен број 9
- Службени простории со масовен пристап на странки(банки, агенции) – Тарифен број 10
- Превозни средства – Тарифен број 11
- Чекалници и станици – Тарифен број 12
- Кино сали – Тарифен број 13
- Телеком услуги – Тарифен број 14
- Музеи, галерии, изложби – Тарифен број 15
- Салони за забава – Тарифен број 16
- Забавни паркови – Тарифен број 17
- Спортски објекти – Тарифен број 18
- Школи за играње – Тарифен број 19
- Аеробик и фитнес – Тарифен број 20
- Музички автомати – Тарифен број 21
- Свирачи поединци – Тарифен број 22