Членство во ЗАМП
ЧЛЕНСТВО ВО ЗАМП?
Член на ЗАМП може да биде секој автор, односно носител на правата што колективно ги управува Здружението, што има државјанство на Р.Македонија, односно живееалиште или престојувалиште на територијата на Р.Македонија. Зачленувањето е доброволно и се врши со поднесување на посебен образец – Пристапница. Зачленувањето во ЗАМП не се наплаќа.
Секој автор, односно носител на авторски права за да може да остварува колективна заштита потребно е да ги пополни и достави следните документи : договор, образец – основни податоци за авторот и изјава за територијата односно општината на која има постојано место на живеење .Секој автор или носител на авторски права должен е своите дела (односно дела за кои стекнал право) да ги пријави во ЗАМП на пропишан образец – пријава на дело, со наведување на сите податоци кои влијаат на правилната заштита на авторските права и распределбата на авторските надоместоци. За точноста на податоците одговара поднесителот на пријавата. Пријавата која ќе ја поднесе еден од носителите на авторски права се прифаќа за точна се додека поинаку не се докаже. Подносителот на пријавата е одговорен спрема ЗАМП и спрема другите носители на авторско право за штетата која би произлегла од неточни и непотполни податоци. Авторот, покрај своето граѓанско име може да користи и псевдоним.
Недозволено е да се користи псевдоним на веќе постоечко граѓанско име или псевдоним на некој автор, односно носител на права.Со пријавата на дело авторот го овластува ЗАМП да ги штити неговите авторски права на јавна изведба во земјата и во странство. Пријавите на дела доставени до ЗАМП до 31 декември влегуваат во пресметката за тековната година. Податоците за изменување и дополнување кои ќе стигнат по тој рок ќе се применат во следната пресметка на авторскиот надоместок. Основа за распределба на авторските надоместоци за музички дела создадени во соработка на повеќе лица (коавтори), е пријавата на делото, на која мора да бидат потпишани сите коавтори и во која треба да биде точно утврдено секое поединечно учество искажано во проценти.
Ако не е поднесена пријава или ако од пријавата не може да се утврди учеството на секој кооавтор поеднечно, распределбата се извршува на тој начин што на секој од кооавторите им припаѓа подеднаков дел од надоместокот.
Под аранжман (обработка) на авторско дело се подразбира напишаната преработка на оригинално дело, на пример: измена на формата, хармонијата, ритамот, изведувачкиот состав и сл.
За аранжман (обработка) на заштитено авторско дело потребно е писмено одобрение од авторот.
Аранжерот може да пријави обработка на традиционално дело или обработка на слободно дело (дело на автор починат пред повеќе од 70 години)
Музичкото дело (оригинално или обработка) се категоризира и определува согласно на ефективното траење на делото.
Ако делото не е пријавено,ЗАМП ја остварува заштитата врз основа на податоците со кои располага
КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЗАМП?
Врз основа на Законот за авторско право и сродни права, авторот, како творец на авторското дело, има право да дозволи или да не дозволи други да го користат неговото дело и право на надоместок за користење.
Практично е невозможно вие како автор да имате преглед каде и како се користи секое ваше дело, да стапите во контакт со сите корисници, да склучите договор и да наплаќате за сета употреба на вашите дела.
Токму затоа европското и македонското законодавство предвидува колективно остварување на правата преку организација која е овластена од автори и други носители на права да издава лиценци за јавна употреба на музички дела и да наплатува парични средства за авторските права.
Врз основа на Законот за авторско право и сродни права, дозволата за работа издадена од Министерството за култура со број ( 07-1733/19 од 26.11.1998 год. ( Сл. весник на РМ бр. 78/99) и врз основа на овластувањето дадено од автори и други носители на правата, ЗАМП ги остварува имотните права на авторите и носителите на правата на музички дела.
Хонорарите што се наплатуваат за користење на музички дела на територијата на Република Северна Македонија се распределуваат на домашни и странски автори и носители на права од целиот свет чии дела биле користени. Исто така, кога музичкото дело на локален автор се користи во странство, колективните организации на таа земја го наплатуваат хонорарот и го проследуваат до ЗАМП, кој потоа ЗАМП му го плаќа на авторот.
Потпишување договор
Авторот на правата кој се определил за колективно остварување на правата е должен да склучи Договор со ЗАМП за ексклузивно пренесување на имотните авторски права, како и со договорот да достави:
- Копија од лична карта, во случај на полнолетно физичко лице или
- Копија од извод од матична книга на родените и писмена согласност од родителот/старателот, за малолетно физичко лице, во чие име родителот/старателот го потпишува договорот до полнолетство.
- Копија од неговата регистрација кај овластен државен орган во случај на правно лице или
- Копија од правосилното решение за наследување, со правосилноста, со која е прогласен за наследник на авторските имотни права во музичкото дело, кога се работи за наследникот.
Во продолжение линкови од потребните обрасци за членство во ЗАМП
- Договор со авторот
- Податоци за авторот
- Пристапница за членство
- Изјава за согласност
- Изјава за согласност (за малолетни)
- Изјава за живeалиште
ЗАБЕЛЕШKA: ЧЛЕНСТВОТО преку е-пошта или веб не е можно. Прифаќаме само оригинални, рачно потпишани документи.
Врз основа на Договорот што вие како автор или издавач го склучивте со ЗАМП, ЗАМП ќе ве регистрира во меѓународната база на автори и на овој начин сите колективни организации за остварување на правата на музичките автори во светот ќе имаат информации за вас како автор и врз основа на податоците вие ќе може да ги остварувате вашите права не само во земјава туку и во странство.
Пријавување на дело
За да бидете идентификувани како автор на музичкото дело, по потпишувањето на договорот треба да ги регистрирате вашите дела.Вашите музички дела можете да ги регистрирате на следниве начини:
- електронски на порталот за автори
- лично во просториите на Замп во работното време објавено на веб страната (со печатената пријава на дело мора да доставите и MP3 фајл со Bitrate од 320kb)
Упатството за користење за електронско поднесување на делото можете да го погледнете овде.
Доколку пријавата не е соодветно пополнета или ако недостасува придружната документација, ќе ве контактира лице од стручната служба. Можете да преземете список на вашите регистрирани и нерегистрирани дела од порталот за членови.
Делото може да го пријавите само доколку сте склучиле договор за ексклузивно пренесување на вашите права на Замп. За да се регистрира дело чиј состав или текст не е во јавна сопственост (не е „слободно дело“) според достапната документација на Замп, потребна е писмена или електронска согласност од композиторот или авторот на текстот.Музичкото дело го регистрира композиторот на делото, под услов дело со текст (музичко дело со зборови) да може да се регистрира само со писмена или електронска согласност од авторот на текстот, односно носителот на правата на текст.
Авторот на текстот на музичкото дело може да го регистрира делото само со писмена согласност на композиторот на делото, односно носителите на авторските права на композицијата на делото.Авторот или другиот носител на правото може да пријави и туѓо дело доколку до Замп доставил соодветна документација (договор или решение за наследување) со која се докажува дека остварува имотно право на делото.
Придружете ни се и станете наш член!
ЗАМП – ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА АВТОРСКИ МУЗИЧКИ ПРАВА повеќе од половина век ги реализира правата на авторите на територијата на нашата земја, а врз основа на договори со голем број странски авторски друштва, исто така и во светот.
Ако го овластите ЗАМП да ги остварува вашите мали и механички права, станувате член на нашето Друштво: модерно организирано и опремено професионално здружение кое штити повеќе од 2000 членови. На овој начин ќе можете да ги следите изведбите и емитувањата на вашите дела, а за тоа ќе ги добивате хонорарите што вие како носител на авторските права ви следуваат со закон.
Во рамките на ЗАПСП, ЗАМП ќе:
- доделува овластувања за јавна употреба (изведба и комуникација) на вашите дела;
- да го пропише или договори износот на авторските надоместоци, да ги наплати, да го пропише начинот на распределба на вкупно собраните средства и да ја изврши нивната распределба;
- иницира судски и други постапки заради колективно остварување на правата;
- извршувајте ги сите други задачи поврзани со колективното остварување и заштита на вашите авторски права.