Собрание на ЗАМП
Собранието е највисок орган на Здружението.
Собранието го сочинуваат 16 членови, чиј мандат трае 4 години, со право на повторен избор.
Член на Собранието може да биде член на ЗАМП, кој кумулативно исполнува најмалку 3 од следниве критериуми:
- најмалку 25 пријавени дела;
- чии права колективно се управувани од ова Здружение во непрекинато траење во последните 5 пресметковни години;
- висината на надоместокот кој носителот на правото го остварил во последните 5 години да не е помал од 500 € (евра) во денарска противвредност годишно во континуитет;
- да е афирмиран автор, кој со својата работа дал придонес во развојот на музичкото творештво, македонската музика и заштитата на авторските права.
Собранието избира Претседател од редот на своите членови, со мнозинство гласови од присутните членови на Собранието, со мандат од 4 години, со право на повторен избор. Претседателот ја организира работата на Собранието и се грижи за доследно спроведување на неговите одлуки.
Претседател на Собранието
- Дејан Момировски
Овластено лице кое го заменува Претседателот на Собранието во негово отсуство
- Никола Автовски
Членови на Собранието
- Николче Мицевски
- Ристо Самарџиев
- Весна Малинова
- Александар Ристовски Принц
- Мартин Вучиќ
- Дарио Панковски
- Огнен Неделковски
- Дарко Тасев
- Дарко Илиевски Ј.
- Никола Автовски
- Тодор Завков
- Љупчо Соколовски
- Дејан Момироски
- Кристијан Габроски
- Ѓорѓи Крстевски
- Никола Перевски