Овогодинешното Генералното собрание на CISAC, најголемата глобална мрежа во креативниот сектор што претставува повеќе од 5 милиони креатори, се одржа во Софија на 28 мај 2025 година. Организиран за прв пат во Бугарија од страна на музичкото друштво MUSICAUTOR, настанот ги собра креаторите и лидерите на авторските друштва од целиот свет.
Генералното собрание на CISAC, како највисок орган, одлучува за составот на другите тела, финансиските и другите извештаи, активностите на генералниот директор, членството, резолуциите и други административни прашања.
Како претставници на ЗАМП, присуствуваа Дејан Момироски – Претседател на Собранието,Никола Автовски – Потпреседател на Собанието,Љупчо Павловски – Претседател на управниот одбор и Борче Нечовски – Директор на Стручната служба на ЗАМП.
Дискусиите се фокусираа на заштитата на правата на креаторите, промовирањето нови извори на приход, подобрувањето на податоците и обезбедувањето ефикасно спроведување на авторските права.
Вештачката интелигенција и потребата од транспарентност и усогласеност со авторските права од страна на нејзините развивачи ќе доминираат во дискусиите оваа година.
Други клучни теми вклучуваат постојан притисок врз вредноста на креативните дела на пазарот на дигиталните сервиси, слабото спроведување на авторските права во некои земји и предизвиците за системот за колективно управување.