Согласно член 158 од ЗАПСП на РМ (Сл. весник бр. 115/10, 140/10, 51/11, 147/13, 154/15 и 27/16), член 57 од Статутот на ЗАМП и одлуката на Собранието на ЗАМП бр. 0201-254/2 од 27.02.2025 година за усвојување на Годишната сметка, се објавува извештајот за прибраните средства од користење на музички дела по категории на наплата за 2024 година.
- Наплатата од дигиталните сервиси се исплатува со поединечни пресметки и не е составен дел од масата за распределба.
Вкупната наплата во 2024 година во наведените категории е за 34.051.989,00 ден. поголема во однос на минатогодишната што претставува зголемување за 29,54%