FAQ / Корисници
Најчесто поставувани прашања од корисници
Организацијата ЗАМП е овластена да ги остварува колективните права на музичките автори. ЗАМП издава дозволи за користење музички дела и наплатува авторски надоместок. Како непрофитна организација, ЗАМП не остварува никаков профит за себе. Откако ќе се одбијат само реалните деловни трошоци, сите средства собрани од корисниците на музички дела се распределуваат на домашни автори и автори од целиот свет чија музика се користи.
Музичките автори имаат право утврдено со закон да добиваат финансиски надоместок од секое користење на нивните дела. Според Законот за авторско право и сродни права, за јавно користење на музиката потребно е да се добие дозвола и да се плати соодветен надоместок.
Бидејќи целиот светски музички репертоар се користи секој ден, практично е невозможно да се контактира со сите автори поединечно, да се побара дозвола и да се преговара со секој поединец за висината на надоместокот за кој авторот се откажува од правото да го користи своето дело. Токму затоа европското и нашето законодавство предвидува постоење на организација за колективно остварување на авторските права. Во Република С.Македонија, ЗАМП е единствената организација овластена да издава лиценци за јавна употреба на музички дела, како и да собира авторски права по оваа основа.
Во овој случај, ја користите музиката неовластено и го прекршувате законот. ЗАМП е овластен да покрене правна постапка против вас за наплата на долгот.
Пријавувањето за користење музика е законска обврска. ЗАПСП и сите тарифи се објавени во Службен весник
Овој систем е застапен во сите развиени земји во светот.
Домашното законодавство ги следи европските регулативи во однос на заштитата на авторските права, а Министерството за култура и туризам е државен орган што ја надгледува работата на ЗАМП и ги одобрува тарифите на ЗАМП.
Висините на надоместоците за јавно соопштување на музички дела се утврдуваат врз основа на:
- Правилникот за Тарифа - Превземи тарифник
- Тарифниот предлог е изготвен според моделот што е застапен во повеќето европски земји, имајќи ги предвид домашните економски услови.
- Одобрувањето на предлог-тарифникот го дава Министерството за култура и туризам.
Да, потребна е дозвола од ЗАМП. Со оглед на тоа што музиката е составен дел на секоја телевизиска програма (најава и завршни наслови, музика во позадина, реклами, музички спотови), невозможно е да имате вклучен телевизиски приемник и да не користите музика во деловните простории.
Можете да го слушате без надоместок заавторски права т.е во вашата приватна околина. Секоја јавна употреба на музичко дело е регулирана со Законот за авторско право и сродни права.
Според Законот за авторски и сродни права, надоместокот за изведба на музика во живо мора да ја плати организаторот на настанот, односно сопственикот или закупецот на просторот каде што се одржува настанот.
Станува збор за два различни вида на користење на музички дела и две различни имотни права на авторите - правото на емитување и правото на јавно соопштување, кои претставуваат посебни основи за наплата на авторските хонорари.
Исплатата на одреден хонорар на музичарите што сте ги ангажирале не значи дека сте ги исполниле сите законски обврски. Авторите на музички дела (композитори, текстописци, аранжери) според закон добиваат авторски надоместоци од јавен настап, а ова право постои без разлика дали изведувачите (ангажираните музичари) изведуваат свои или туѓи песни.
Членовите на групата, автори на музички дела, ги пријавуваат своите дела во ЗАМП, организација за колективно остварување на авторските права, која води евиденција за користените дела, врз основа на која се делат надоместоците. Иако групата изведува свои песни, списокот на изведени дела треба да се достави до ЗАМП за авторите да си ги добијат авторските права.
Врз основа на податоците од списоците на изведени дела, ЗАМП собира средства од музичките корисници и ги дистрибуира до домашни и странски автори од целиот свет, чија музика се изведува на територијата на Република С.Македонија.
Не. Домот е ваша лична сопственост, а не е јавен објект. За користење на музика во јавен објект се плаќа авторски надомест на ЗАМП. Ако некој носач на звук (на пример ЦД) го слушате во домот или автомобилот не се плаќа авторски надомест бидејќи тоа е ваша лична сопственост. Но ако истото ЦД го користите во угостителски објект (на пример кафе бар), тогаш треба да се плати авторски надомест.
Во Службен Весник на РМ бр.147 од 28.10.2013 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права. Горе наведениот Закон стапи во сила на 05.11.2013 год. Согласно чл. 137 од Законот за авторското право и сродните права, ЗАМП нема право да бара наплата на надоместоци од лица кои се крајни корисници, и не може договорно да ја пренесе обврската за јавно соопштување на музички дела на приредби (свадби или слични приватни веселби) .Корисник може да биде физичко или правно лице кое за вршење на дејноста користи авторски музички дела (хотел, ресторан или друг угостителски објект).
На музичарите сте им платиле хонорар за изведување на делата. Песните кои ги исполнуваат музичарите се нечие авторско дело, за кое е предвидено плаќање авторски надоместок согласно на Правилникот за Тарифа за користење на авторски музички дела.