FAQ / Автори
Најчесто поставувани прашања од авторот
ЗАМП е организација за колективно остварување на авторските права на музички дела, овластена да издава дозволи за користење на музички дела и да наплатува паричен надоместок за такви намени.
ЗАМП ги застапува правата на музичките автори (композитори, автори на текстови, аранжмани, преводи на текстови и други учесници во создавањето на музичко дело) и носителите на авторски права (издавачи и наследници на авторите).
Не, во ЗАМП текстот може да се регистрира само како дел од музичко дело.
Врз основа на делегирани овластувања, ЗАМП ги собира авторските права од корисниците на музика, а потоа преку систем за електронска евиденција ги дистрибуира до авторите чии дела се користени. Системот за електронска евиденција е детално опишан во Правилник за распределба, кој е донесен од самите автори на Собранието на ЗАМП.
Репертоарот на ЗАМП вклучува секакви музички дела, без разлика на жанр, вид, форма и времетраење.
Не. Авторите единствено треба да ги пополнат формуларите за членство и потоа да ги пријавуваат своите дела кои ЗАМП ќе ги штити.
Авторскиот хонорар зависи од тоа колку пати било изведено делото на радио, тв, јавни објекти и надоместокот кој е наплатен за тоа.
Собраните средства од корисниците на музика, а врз основа на изведените дела наведени во програмите, ЗАМП ги рапределува на авторите без разлика дали се домашни или странски.
ЗАМП врши колктивно остварување на правата согласно ЗАПСП, но можно е и индивидуално остварување на овие права според член 129 став 1 од ЗАПСП.
Материјалните права траат за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт.
На авторот му припаѓа авторското право над неговото авторско дело со самото создавање на делото. Авторското право е единствено право и е неразделно од авторското дело. Тоа содржи исклучиви морални и материјални права. Авторот има исклучиво право да дозволи или забрани користење на неговото дело. За секое искористување на авторското дело од други лица на авторот му следува надоместок.
Автор е физичко лице кое го создало авторското дело. Како автор се смета лице чие име, псевдоним на вообичаен начин е означен на делото, односно неговите примероци или е наведен при објавувањето на делото, додека не се докаже спротивното, во согласно со законот.
Авторското дело е интелектуална и индивидуална творба од областа на книжевноста , науката, уметноста и од другите области на творештвото независно од видот, начинот и формата на изразување.
Не. ЗАМП ги штити само авторите на музика, а тоа се: композиторите, текстописците и аранжерите на музика.
Подеднаква заштита според законот уживаат автори и носители на сродни права кои се државјани на Р.С.Македонија , односно имаат свое седиште во Р.С.М, како и странски автори и странски носители на сродни права согласно со меѓународните договори, ратификувани од Р.С. Македонија.
ЗАМП наплатува авторски надомест за секое јавно изведување, односно објавување на музички дела, а воедно и собира податоци за користените дела. Добиените податоци се обработуваат, а потоа се врши распределба и исплата на авторски хонорар.
Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП е здружение на автори кое колективно ги остварува и штити авторските права на своите членови и другите носители на права. Како автори на музички дела се: композиторот, авторот на текст и аранжерот. ЗАМП работи со непрофитна цел и може да врши само колективно остварување на авторски музички дела. Надлежен државен орган за надзор над актите и работењето на ЗАМП е Министерството за култура и туризам на Р.С. Македонија.