Со длабока почит се простуваме од Владо Јаневски
Со искрена тага ја примивме веста за смртта на Владо Јаневски, истакнат музички автор и творец кој остави значаен белег во македонската музичка сцена.
Неговото творештво, посветеност и придонес кон музиката ќе останат трајно запаметени како дел од нашето културно и авторско наследство. Преку својата работа, Владо Јаневски даде значаен придонес во развојот и збогатувањето на македонската музика, оставајќи зад себе дела кои ќе продолжат да живеат.
Во име на Здружението за заштита на авторски музички права, изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство, блиските, пријателите, соработниците и сите почитувачи на неговото дело.
Нека му е вечна слава и почит.
