Пуштен во употреба новиот портал за автори
Почитувани автори.членови на здружението за авторски музички права ЗАМП, во употреба е пуштен ПОРТАЛОТ ЗА АВТОРИ каде ќе може во дигитална форма да ги пријавувате
Почитувани автори.членови на здружението за авторски музички права ЗАМП, во употреба е пуштен ПОРТАЛОТ ЗА АВТОРИ каде ќе може во дигитална форма да ги пријавувате
Почитувани, Почитувани автори,членови на ЗАМП,во текот на наредните денови ќе добиете на вашиот e-mail (проверете и во SPAM фолдерот) koрисничко име и лозинка за пристап
Почитувани, Ве молиме да ги ажурирате Вашите податоци со цел да Ви се овозможи пристап до порталот за автори на новата веб страна на ЗАМП
ПИН музичката конференција, која традиционално се одржува во пресрет на фестивалот Таксират, се одржа во Младинскиот културен центар во Скопје од 30 ноември до 2
Почитувани автори.членови на здружението за авторски музички права ЗАМП, во употреба е пуштен ПОРТАЛОТ ЗА
Почитувани, Почитувани автори,членови на ЗАМП,во текот на наредните денови ќе добиете на вашиот e-mail (проверете
Почитувани, Ве молиме да ги ажурирате Вашите податоци со цел да Ви се овозможи пристап
ПИН музичката конференција, која традиционално се одржува во пресрет на фестивалот Таксират, се одржа во
Нашата работа изразена преку броеви
Здружението за заштита на авторски музички права-ЗАМП е организација за колективно управување на авторските музички права, во согласност со ЗАПСП, Статутот и Дозволата на Министерството за култура на Република Македонија.
ЗАМП во континуитет со различна организациона поставеност функционира од 1947 год. исклучиво во областа на колективното управување на авторските музички права.
Почитувајте ги авторските права.
Да ги почитуваме авторските права.
Почитувајте го културното наследство.
Ако уживате во нив, почитувајте ги нивните права.
Почитувани автори.членови на здружението за авторски музички права ЗАМП, во употреба е пуштен ПОРТАЛОТ ЗА АВТОРИ каде ќе може во дигитална форма да ги пријавувате вашите авторски дела.
На вашата емаил адреса која ја имате доставено(ажурирано) во ЗАМП ќе ви стигне корисничко име и лозинка.
Пристап до порталот е можен преку директен линк (https://moj.zamp.mk) и преку веб страната на здружението www.zamp.mk.
За секое прашање поврзано со порталот и дигиталното пријавување на вашите авторски дела обратете се на zamp@zamp.com.mk
Со почит,
Здружение за заштита на авторски музички права – ЗАМП
1. За користење на музички дела во пансиони, хотелски соби, апартмани, хотелски населби, апартмански населби и сл. сместувачки капацитети, по пат на радио апарати, интерна телевизија од затворен тип или било која друга телевизиска или кабелска мрежа месечниот надомест изнесува 5 бода по реализирано ноќевање.
2. За користење на музички дела во заеднички простории на хотели (фоаје, ресторан сали и сл.) месечниот надомест се утврдува според категоријата на хотелот и тоа:
а) за хотели од В категорија, апартмани, пансиони и мотели од трета категорија надоместот изнесува 200 бода.
б) за хотели од IV и III категорија, мотели, апартмани и пансиони од втора категорија надоместот изнесува 400 бода.
в) за хотели од II категорија, мотели, апартмани и пансиони од прва категорија надоместот изнесува 800 бода.
г) за хотели од I категорија надоместот изнесува 1.200 бода.
д) за хотели де лукс категорија надоместот изнесува 2.000 бода.
3. Корисникот е должен да доставува до 15-ти во месецот за претходниот месец, извештај за бројот на реализирани ноќевања согласно точка 1 од овој тарифен број. Во случај кога корисникот нема да достави извештај во предвидениот рок кој треба да е идентичен со доставениот извештај до надлежен орган (Министерство за внатрешни работи на РМ и Локалната самоуправа) месечниот авторски надоместок ќе се пресметува во зависност од капацитетот на објектот и тоа:
а) до 25 гости 500 бода
б) од 26 до 50 гости 1.000 бода
в) од 51 до 75 гости 1.700 бода
г) од 76 до 100 гости 2.500 бода
д) од 101 до 500 гости 3.600 бода
ѓ) повеќе од 500 гости 6.000 бода
1. За користење на музички дела по пат на механичка музика во берберски или фризерски салони, слаткарници, бурекџилници, сендвичари или други занаетчиски дуќани (со исклучок на простории во кои занаетчиска дејност врши физичко лице-занаетчија регистриран во Регистарот на занаетчии), месечниот надомест се утврдува во зависност од големината на просторот и изнесува:
а) од 01 до 30 м2 основицата изнесува 1 бод по 1 м2;
б) од 31 до 100 м2 основицата изнесува 0,8 бода по 1 м2 и
в) од 101 до 200 м2 основицата изнесува 0,7 бода по 1 м2 и
г) над 200 м2 основицата изнесува 0,6 бода по 1 м2
2. Кога музичките дела се соопштуваат и на отворен јавен простор, надоместот од претходниот став се зголемува за 100 бода.
1. Стриминг на музички содржини без можности за даунлоудирање:
Авторскиот надоместок за користење на интернет услуги изнесува 10% од приходот на интернет страницата со музички содржини, но не помалку од минималниот износ, утврден во следната табела според категории:
Минималниот надомест за наведените категории се пресметува независно една од друга, а потоа се собираат.
Приходот се дефинира како приход од претплата, реклами, спонзорства, дотации, провизии, цесии, компензации и слични страници со музички содржини.
2. Даунлоудирање на музички дела Авторскиот надомест изнесува 8 % од малопродажната цена на содржината. Минималниот надомест изнесува 1 бод по дистрибуиран дел.
1) За емитување на несценски музички дела по пат на радио, кога користењето на авторското дело, се врши од страна на радио организација во која е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместoкот за користење се определува во номинален износ кој се пресметува во зависност од траењето на емитувањето, односно користењето евидентирано во системот за електронска евиденција.
2) кога користењето на авторското дело, се врши од страна на радио организација во која не е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во процент од приходот кој ги опфаќа средствата од радиодифузната такса и/или претплатата, рекламите, спонзорствата, дотациите и приходите од промет на програми. Како приход не се сметаат средствата од данок на додадена вредност, средствата од кредити и камати на кредити.
3) Организацијата за колективно управување и радио организацијата во случајот од точката 1) на овој став на барање на радио организацијата со договор можат да утврдат надоместот за користење на авторското дело односно предметот на сродно право да се определи во процент од приход согласно точка 2) од овој став.
4) При утврдување на надоместокот се зема во предвид и структурата и природата на програмата (форматот на радиодифузниот сервис), согласно со издадената дозвола за вршење радиодифузна дејност и тоа:
а) говорни и говорно-музички радија од општ формати во зависност од медиумската функција која ја остваруваат можат да бидат:
б) говорни и говорно-музички радија од специјализиран формат;
в) музичко-говорни и музички радија од општ формат и
г) музичко-говорни и музички радија од специјализран формат.
5) Подрачјето односно сервисната зона на која се врши дејноста.
Доколку со договор не е поинаку утврдено, авторскиот надомест се плаќа месечно согласно приложената табела.
1. За користење на музички дела по пат на механичка музика во продажни (шопинг) центри,стоковни куќи, бензиски пумпи, супермаркети, продавници, бутици, деловни простории и сл. месечниот надомест се утврдува во зависност од големината на просторот и изнесува:
а) од 01 до 30 м2 основицата изнесува 1 бод по 1 м2;
б) од 31 до 100 м2 основицата изнесува 0,8 бода по 1 м2 и
в) од 101 до 200 м2 основицата изнесува 0,7 бода по 1 м2 и
г) над 200 м2 основицата изнесува 0,6 бода по 1 м2
2. Кога музичките дела се соопштуваат и на отворен јавен простор надоместот од претходниот став се зголемува за 100 бода.
Авторскиот надомест за давање на фонограми и видеограми под наем изнесува 4% од висината на наемнината, врз основа на приложен извештај од корисникот најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.
Доколку со договор не е поинаку утврдено, авторскиот надомест за емитување на авторски музички дела преку сателит по пат на средства за декодирање на сигнал (DIRECT TO HOME технологија) плаќаат надомест во висина од:
Операторот е должен да достави извештај за бројот претплатници, најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.
1. За емитување на несценски музички дела по пат на телевизија, кога користењето на авторското дело, се врши од страна на телевизиска организација во која е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во номинален износ кој се пресметува во зависност од траењето на емитувањето, односно користењето евидентирано во системот за електронска евиденција.
2) кога користењето на авторското дело, се врши од страна на телевизиска организација во која не е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во процент од приходот кој ги опфаќа средствата од радиодифузната такса и/или претплатата, рекламите, спонзорствата, дотациите и приходите од промет на програми. Како приход не се сметаат средствата од данок на додадена вредност, средствата од кредити и камати на кредити.
3) Организацијата за колективно управување и телевизиската организацијата во случајот од точката 1) на овој став на барање на телевизиската организација со договор можат да утврдат надоместот за користење на авторското дело односно предметот на сродно право да се определи во процент од приход согласно точка 2) од овој став.
4) При утврдување на висината на надоместокот се зема во предвид и структурата и природата на програмата (форматот на радиодифузниот сервис), согласно со издадената дозвола за вршење радиодифузна дејност и тоа:
а) Телевизискиот програмски сервис од општ формати во зависност од медиумската функција која ја остваруваат можат да бидат:
б) Телевизискиот програмски сервис од специјализиран формат.
5) Подрачјето односно сервисната зона на која се врши дејноста.
Доколку со договор не е поинаку утврдено, авторскиот надомест се плаќа месечно согласно приложената табела.
1) За емитување на несценски музички дела, кога користењето на авторското дело се врши од страна на ЈП Македонска радиотелевизија доколку е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во номинален износ кој се пресметува во зависност од траењето на емитувањето, односно користењето евидентирано во системот за лектронска евиденција.
2) кога користењето нa авторското дело, се врши од страна на страна на ЈП Македонска радиотелевизија доколку не е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во процент од приходот кој ги опфаќа средствата од радиодифузната такса и или претплатата, рекламите, спонзорствата, дотациите и приходите од промет на програми. Како приход не се сметаат средствата од данок на додадена вредност, средствата од кредити и камати на кредити. Месечниот надомест изнесува:
3) Организацијата за колективно управување и ЈП Македонска радиотелевизија во случајот од точката 1) на овој став на барање од ЈП Македонска радиотелевизија со договор можат да утврдат надоместот за користење на авторското дело односно предметот на сродно право да се определи во процент од приход согласно точка 2) од овој став.
Надомест плаќаат свирачи поединци (улични свирачи и др.) кои се регистрирани согласно закон за јавно соопштување на музички дела месечно во износ од 50 бода.
За јавно соопштување на музички дела од музички автомати без екран, надомест се плаќа месечно и изнесува 300 бода.
За јавно соопштување на музички дела од музички автомти со екран, надомест се плаќа месечно и изнесува 450 бода.
За користење на музички дела по пат на механичка музика во центри за аеробик, фитнес и салони за убавина (козметика и масажа) месечниот надомест изнесува:
а) до 50 м2 основицата изнесува 1 бод по 1 м2 и
б) од 50 м2 до 200 м2 основицата изнесува 1,5 бода по 1 м2.
в) за секој квадратен метар над 200 м2 основицата изнесува 2 бода по 1 м2.
Надомест се плаќа месечно и изнесува без оглед на видот на музиката 240 бода.
За користење на музички дела по пат на механичка музика на спортски простори, лизгалишта, базени и сл., месечниот надомест изнесува по следнава табела:
Број на седишта | Број на бодови |
---|---|
до 1500 седишта |
100 бода |
од 1501 - 3000 седишта |
150 бода |
од 3001 - 10000 седишта |
200 бода |
од 10001 - 30000 седишта |
300 бода |
над 30001 седишта |
400 бода |
За користење на музички дела по пат на механичка музика во забавни паркови, месечниот надомест изнесува 100 бода.
За користење на музички дела по пат на механичка музика во салони за забава и игри на среќа (обложувалници, билијард, автомати, флипери и сл.), доколку не се даваат угостителски услуги, месечниот надомест изнесува 50 бода.
За соопштување на музички дела по пат на телефон надомест се плаќа месечно во износ од 10% од приходот остварен остварен по тој основ, според бројот на регистрирани импулси.
Доколку корисникот не достави податоци за остварениот приход, надоместот ќе се пресмета во двоен износ од последниот месец за кој постојат податоци.
Доколку се работи за нов корисник кој нема да достави податоци за остварениот приход, надомест ќе му се пресмета во двоен износ, врз основа на просекот на податоци добиени од други корисници.
За користење на музички дела по пат на механичка музика, пред почетокот на претставата, во паузата или по претставата во кино салата, се плаќа месечен надоместок по следната табела:
Број на седишта | Број на бодови |
---|---|
до 100 седишта |
24 бода |
од 101 до 200 седишта |
40 бода |
од 201 до 400 седишта |
80 бода |
од 401 до 600 седишта |
120 бода |
над 601 седишта |
160 бода |
За користење на музички дела по пат на механичка музика месечниот надомест изнесува:-
За користење на музички дела по пат на механичка музика во банки, агенции и сл.простории со масовен пристап на странки месечниот надомест изнесува 100 бода.
За користење на музички дела по пат на механичка музика, надомест се плаќа во висина од 300 бода дневно.
Доколку со договор не е поинаку утврдено, авторскиот надомест за емитување на авторски музички дела за дистрибуција на радио и телевизиски програми во кабелска мрежа, кабелските оператори плаќаат надомест во висина од:
Операторот на кабелска мрежа е должен да достави извештај за бројот на претплатници, до 15-ти во месецот за претходниот месец.
1.За јавно соопштување на музички дела по пат на механичка музика во угостителските објекти, диско клубови и ноќни барови, месечниот надомест се утврдува врз основа на бројноста на потенцијалните корисници, категоријата и големината на просторот, правата, видовите и обемот на нивното користење односно траење на јавното соопштување и изнесува како што е предвидено во следната табела:
Број на столови во затворен или отворен простор, односно можен број посетители | Трање на јавното соопштување на музички дела (до 24 часот) / (Бодови) | Трање на јавното соопштување на музички дела (по 24 часот) / (Бодови) |
---|---|---|
до 40 |
120 |
240 |
од 41 до 80 |
160 |
320 |
од 81 до 120 |
200 |
400 |
од 121 до 180 |
240 |
480 |
од 181 до 240 |
280 |
560 |
од 241 до 300 |
320 |
640 |
од 301 до 360 |
360 |
720 |
од 361 до 420 |
400 |
800 |
од 421 до 480 |
440 |
880 |
од 481 до 540 |
480 |
960 |
од 541 до 600 |
520 |
1040 |
од 601 до 660 |
560 |
1120 |
од 661 до 720 |
600 |
1200 |
од 721 до 780 |
640 |
1280 |
од 781 до 840 |
680 |
1360 |
од 841 до 900 |
720 |
1440 |
од 901 до 1000 |
760 |
1520 |
Над 1001 |
800 |
1600 |
2. За користење на жива музика основицата од став 1 се зголемува за 50%.
3. Во случаи кога се наплатуваат влезници или задолжителна консумација, основицата од став 1 и 2 се зголемува за дополнителни 50%.
За јавно соопштување музички дела:
а) на танцов натпревар, ревија на мраз, кабаре, балет, академија или слична приредба со наплата на влезници, надоместот изнесува 6% од приходот, а најмалку 500 бода колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наведената наплата;
б) на модна ревија, избор на убавица, демонстрација на производи или слични приредби со наплата на влезници, надоместот изнесува 4% од приходот, а најмалку 500 бода колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наведената наплата;
в) на циркуска, артистичка или слична приредба со наплата на влезници, надоместот изнесува 3% од приходот, а најмалку 500 бода колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наведената наплата.
г) на спортски приредби надоместот изнесува:
За јавно соопштување на музички дела:
а) на забава, игранка, другарска вечер, прослава, банкет, матурска, бруцошка, дипломска, клупска вечер и сл. со наплата на влезница или друг облик на наплата надоместот изнесува 8% од приходот.
На забава, игранка, другарска вечер, прослава, банкет, матурска, бруцошка, дипломска, клупска вечер и сл.во случај кога приредбата е без наведената наплата надоместот изнесува 8% од трошоците потребни за кoристењето, како што се надоместоците на авторите, трошоците за користење на просторот и други соодветни трошоци.
б) на сезонски забавни приредби како што се бал, маскенбал, карневал, пречек на Нова година, 8 март и слични со наплата на влезници или друг облик на наплата, надоместот изнесува 9,60% од приходот. На сезонски забавни приредби како што се бал, маскенбал, карневал, пречек на Нова година, 8 март и слични во случај кога приредбата е без наведената наплата надоместот изнесува 9,60% од трошоците потребни за користењето, како што се надоместоците на авторите, трошоците за користење на просторот и други соодветни трошоци.
в) на приредби (свадби, крштевки, сунети и слични приредби) со наплата на влезници или друг вид на наплата надоместот да изнесува 4% од приходот.
На приредби (свадби, крштевки, сунети и слични приредби) во случај кога приредбата е без наведената наплата надоместот изнесува 4 % од трошоците потребни за користењето, како што се надоместоците на авторите, трошоците за користење на просторот и други соодветни трошоци.