...

16/07/2020 Фолклорот – нашето антрополошко огниште („Песните се нивен незаборав“ од Кирил Тодевски и Марија Велковска)

Дваесет и четири библиографии на македонски пејачи и пејачки во една книга. Нив ги обединуваат песната и смртта. Сеприсутноста на нивното дело не дозволува таа книга да се нарече книга на мртвите пејачи. Затоа, авторите Кирил Тодевски и Марија Велковска на изразот на конечноста на животот го спротивставиле изразот на незаборавот на нивното дело. „Песните се нивен незаборав“ – да го уточниме насловот на книгата – се хроника за најзначајниот период на македонскиот фолклор, кој е најпрепознатливиот дел од нашата култура, воопшто.

Кон обработката на таква материја може да се пријде само на еден начин: фолклорот да се прифати како наше антрополошко огниште од кое, подоцна, како што тврди Ернст Блох, „расцутува животот на звуците“. Само така, толку различна музика може да остане цврст духовен прстен, зашто само она што се изразува со тонови може да се однесува на некое „јас“ или на некое „ние“.

Таков наум, верувам, имале авторите на монографијава, зашто нивните работни биографии целосно се втопени во македонскиот фолклор.

Кирил Тодевски е дипломиран ентомузиколог на белградската Музичка академија во класата на проф. Драгослав Девиќ. Сиот работен век го минал во Македонското радио, во Редакцијата за народна музика. Како уредник, ги следел настаните од фолклористиката во земјава и надвор од неа, рецензирал програми на повеќе фолклоорни фестивали, а 8 години бил уметнички директор на Фолк фест „Валандово“. Како автор или коавтор потписник е на голем број монографии, меѓу кои и за „Танец“, за Сариевски, за Пеце Атанасовски, а рецензирал и голем број дела на негови колеги од областа на фолклорот.

Марија Велковска дипломирала на Одделот за музичка теорија и педагогија на УКИМ во Скопје, а диплома за хорски диригент добила во класата на проф. Драган Шуплевски. Волонтирајќи неколку години, во 1991 година е ангажирана да ја води емисијата „Фолк средби“ и да известува од голем број фолклорни фестивали. Во 1995 година се вработува во Музичката програма на Македонската радио-телевизија, потпишувајќи ги препознатливите авторски емисии „Нишан ти пратив, моме ле“ и „Песни на мојата душа“, а од 2001 до 2014 година е извршен уредник на Музичката програма при Првата програма на Македонското радио, Радио Скопје. Рецензирала неколку монографии и автор е на повеќе документарни радио емисии на фолклорни теми. 

За повеќемина наши пејачи во последните неколку децении се објавија монографии, така што книгава која ја промовираме нема претензии за себе да бара некакво профетско место и значење. Ниту содржински, ниту тематски таа не е единствена. Сепак, таа се изделува со тоа што е научно фундирана, водена со истражувачка постапка, прегледно конципирана и систематизирана и погодна за нови проучувања во областа што ја обработува. Според тоа, оваа книга е податлива не само за историјата на македонската народна песна и за нашите пејачи, туку е богата база за проучување на музичките програми на Радио Скопје од крајот на 1944 година до денешни дни, потоа го следи развојот на телевизиската културно-уметничка програма, а ги бележи почетоците на интернационализацијата на македонскиот фолклор.

Големиот број податоци овозможуваат од година во година да се следи развојниот процес на првите пејачи на народни песни: нивните  настапи во живо на програмата на радиото, создавањето на оркестрите на Радио Скопје, првите снимани материјали, организираните гостувања меѓу нашите иселеници во САД, Канада, Австралија и Европа, раѓањето и унапредувањето на домашната  дискографска продукција, зачетоците на фолклорните фестивали и сè она што е поврзано со афирмацијата на македонската песна.

„Со првите одгласи на народните песни преку програмите на Радио Скопје, во почетокот на 1945 година, се трасира патот на современиот начин на презентирање на песните. Имено за разлика од дотогашното негување на песната, кое главно било во семејни кругови, на домашни пригодни веселби, слави, седенки и слично, без инструментална придружба, или во придружба на кавал, гајда, тамбура, кемане, започна процесот на пеење со оркестарски придружби и форматирано пеење, односно рамковно приспособување на песните во строфи и со инструментални припеви“, констатираат Тодевски и Велковска.

Ништо од појавата на фолклорниот феномен не е случајно, зашто тој се потпира на повеќевековно устно превривање кое по ослободувањето на земјава по Втората светска војна добива свој израз. Песните што ги испеаја дваесет и четворицата пејачи опфатени во книгава се статус на нивната сопствена естетска автономност.

Затоа, во темелите на таа фолклорна вертикала е поставен Васил Хаџиманов, пејач и пионер на македонската етномузикологија. Како уредник на Редакцијата на народна музика на Радио Скопје Хаџиманов ќе учествува во формирањето на оркестрите и ќе стане  вистински двигател на таа програма, а парелелно со тоа ќе собере околу 8.000 народни песни.   

Во такви околности, како член на кавадаречкото фолклорно друштво што го раководел Хаџиманов, се оформува и Никола Бадев, кој во 1948 г. со песната „Тешка беше нашата разделба“ на Републичкиот фолклорен фестивал ја освојува првата награда и добива виза да почне со настапи во живо на радиото.

На аудиција во Операта, пак, истата година право да застане пред микрофонот ќе добие и Александар Сариевски, кој преку „Танец“, 10 години подоцна, патот ќе го донесе во Радио Скопје. 

Во 1950 година во „Танец“ ќе запее и ќе заигра Васка Илиева, а 4 години подоцна и таа ќе се вработи во Радио Скопје.

Кон овој интерпретаторски „триумвират“ подоцна се приклучуваат: Мирвет Беловска, Благој Петровски – Караѓуле, Нада Макеларска, Гого Зафировски – Зафиро, Вања Лазарова – Димитровска, Блага Видец, Јонче Христовски, Добри Ставревски, Драгица Мавровска, Кирил Манчевски, Љупчо Дучевски, Мирко Митревски, Пепи Бафтировски, Есма Реџепова – Теодосиевска, Кирчо Поплазаров, Гоце Николовски, Петранка Костадинова, Војо Стојановски, Јанко Узунов и Гоце Арнаудов, при што авторите на монографијата во презентацијата на пејачите се воделе според годината на раѓање.

Определувајќи се посебно да маркирам тројца од пејачите опфатени во овој зборник, јас свесно излегов од спокојството што би ми следело без тој чекор на градирање. Сепак, се определив да жртвувам дел од таа комоција затоа што сметам дека една мала жртва е поблагородна од сигурноста на заветрината.

И веднаш да поентирам: Никола Бадев, Александар Сариевски и Васка Илиева се тројството кое ја изгради естетиката на македонската народна песна, со сите разлики и специфичности на секој од нив. И како соло пејачи, и како вкрстени дуети (секој со секого), тие исткајаа таква основа што доколку, по некој случај, после нив Македонија онемеше, нивните гласови ќе беа достојни да ја испишат историјата на музичката култура на една нација, која може да се споредува со богатството на фолклорот и на најбројните нации во светот.

Спомнатите тројца пејачи, како никој после нив, се вградија во темелите на татковината и во националната култура на начин кој говори дека тие силно го чувствувале времето во кое живеат, поседувале длабока свест за тоа дека се први на фолклорната ледина и дека од нив ќе зависи дали ќе ги соберат најздравите зрна од гумното на националното фолклорно богатство и во која насока ќе се развива тоа творештво. Неспорно е дека, покрај пејачката дарба, тие поседуваа  умешност и одговорност од македонскиот естетски амалгам да утврдат наш принцип, независно од тоа што долго време претходно нему не му беа наклонети историските околности.

Не само според бројот на испеаните и снимени песни туку и според длабочината на мелопојните карактеристики што секој од тројцата великани на посебен начин ги втисна во богатството теми и интерпретации, тие останаа ненадминати.

Паралелно со развојот на музичката форма, нивните творби отворија можност да се умножат и поетските изразни средства на подоцнежната фестивалска продукција. Зашто надградувајќи ја традицијата, сакале или не, свесно или несвесно, ја испишуваме и новата историја на македонската музичка култура.

Тие не беа само собирачи на народни песни, не беа само големи пејачи, туку беа и композитори, и пишувачи на текстови, и инструменталисти, и играорци, што ќе рече дека силно го чувствувале духот на времето и духот на народното творештво (Васка Илиева, на пример, до денес остана ненадмината според бројот на испеаните и снимени песни). Затоа не е чудно што тие се вградија во темелите на националниот фолклор, а никој не го повтори успехот што го постигнаа во татковината и на континентите каде што живеат Mакедонци.

Првите наши пејачи, тоа треба да се нагласи, не дозволија музиката да се претвори во заглушувачка бучава на емоциите. Како да знаеле дека таа ќе биде убава и возвишена единствено ако е измиена од валкана афективност и „доколку е лишена од сентиментално варварство.“

Кај нив, секој музички елемент – интервал, боја, звук, акорд, ритам – има сопствена физиономија и точно определена функција. Тие станаа мерка за тоа како треба да се обликува македонската песна која и без било каков друг предзнак се издвојува во мноштвото мелодии што ги миксале допирите на културите и историјата на Балканот. Во најубавите музички уметнички дела од нашите први пејачи може да се издвојат, како што по еден друг повод констатира Хартман, „четирите слоја на естетиката: неорганскиот, органскиот, душевниот и духовниот.“ Затоа велиме дека Бадев, Сариевски и Илиева ја утврдија нормата на македонската народна песна.

Нивните песни, покрај другото, си наметнаа улога да го зацврстат нашиот фолклор, извлекувајќи го од него македонскиот супстрат, а тие што дојдоа после нив, тие кои ја создаваат новата музика, имаат задача неа да ја надградат со „освежени“ орнаменти, со стегната структура и со јасна форма, проширувајќи ја нејзината тонална и ритмичка структура.

Впрочем, целокупната уметност се стреми кон состојбата на музиката. Затоа што во музиката формата и содржината не може да бидат разделени. Не ретко ќе чуете како таа и таа песна изразувала вистинит настан од реалниот живот, дека таква била таа љубов или таа болка во реалниот живот на некој човек… За уметноста тоа нема никакво значење. Тоа не е најсуштественото за една песна.

Убавината на песната ја чувствуваме и пред да почнеме да размислуваме за нејзините можни значења. Тие, се разбира, дури и тогаш, сепак имаат значење – не на разумот туку на имагинацијата.

Оваа книга е најкомплетниот бележник на најмаркантните припадници на македонскиот национален фолклор кој уште се допејува, се доградува, се доразвива и отвора нови простори за израз. Зашто уште не е спомната една Лета Барџиева, на пример, водечкиот вокал на Бапчорките, која да останеше и само со една песна, онаа „Болна е легнала Калина“, ќе беше достојна за споменик. Зашто таквите песни и таквото пеење, дури и да е научено или преземено од некаде, повеќе е личен чин, сведоштво за индивидуалното растење на една пејачка, која целосно била потопена во мелодискиот супстрат на националниот пој.

Ние сме генерација која имаше среќа да гази по ѕидовите на таа фолклорна тврдина и истовремено да ги собира плодовите од новосоздадената песна. Уште има живи народни пејачи кои чекаат да отпретаме некоја стара песна. Тој процес одамна завршил во многу европски земји. Ние сме привилегирани. Кај нас, дали поради историските околности или од други причини, вековите се компримирале и во исто време се случува да допреме до некоја песна која останала запишана во меморијата на некој човек и да слушнеме некоја нова песна која е свртена кон идниот ден.

Тоа, пред да почине, му се случи на Гоце Арнаудов, кој беше очуден од убавината на „Темјануго, Темјанушке“, и ја доживеа како кога археолог ќе ископа вреден артефакт, иако, за жал, човекот што ја откри таа песна, не дочека да ја чуе интерпретацијата на својот омилен пејач.

Како припадници на мала нација, не смееме да заборавиме на предупредувањето што по еден друг повод го кажа Милан Кундера: „Малите нации од големите нации не ги разликува само квантитативниот принцип, бројот на жителите. Има нешто подлабоко од тоа: постоењето на малите нации не е сигурност која доаѓа сама по себе, туку секогаш е прашање на ризик; малите нации се бранат од историјата, зашто таа сила нив не ги зема предвид, дури не ги ни забележува.“

Се разбира, останува отворено прашањето колку една култура на мал народ, во ера на интензивирана комуникација, може да се заштити од туѓите влијанија, зашто глобализацијата значи унификација, мејнстрим, таа има улога на музичко есперанто, кое настојува да ги нивелира различностите.

Па, конечно да го поставиме вистинското прашање: како ние ја браниме нашата музика од заборавот? Како ја браниме од нас самите?

Грубо се мамите ако верувате дека ваквите хроники за нашите песнопојци се прават само за тоа – имињата на пејачите да се оттргнат од  заборавот. Уверен сум дека тоа што тие го направија, и другите кои продолжија да го прават по нив, не е само сведоштво дека на некое ќоше од балканското музичко милје тие пејачи, композитори, поети на слепо пришивале некакви закрпи, туку дека тие на тој начин ја дефинирале естетиката на песната, свесни дека и во отсуство на држава може да се создава уметност.

За жал, денес, кога имаме сопствена држава, музиката е оставена на случајни минувачи. Без радио-телевизиски оркестри, без голема  сопствена продукција, без уметничко сито за тоа што може, а што не треба да се снима, без одговорност за тоа кој може, а кој не треба да ги преработува песните што сме ги наследиле од нашите предци, иако за таа цел државата формирала институти, без обврска на домашните медиуми со национална концесија да користат наша музика, пред сè од домашни автори, не може да се очекува извесен, а уште помалку осмислен развој на тоа творештво.

Ако денес некој ме праша со што македонската нација ги задолжила моите гени, јас ќе одговорам: со фолклорот, со народната поезија. Тоа огромно наследство не смее да се претвори во играчка на некадарници. Не може секој да собира плодови од градината на македонскиот фолклор и тоа да го прикажува како свое уметничко дело или како некаква уметничка обработка. Мораме гласно да им се спротивставиме на оние кои дури со државни пари ги нагрдија стамените структури на нашите народни песни, претставувајќи ги како сопствени уметнички обработки. Други, пак, во соседството, полагајќи некакво умислено „историско право“, си ги преснимуваат нашите народни и авторските песни и си ги претставуваат како свои!

Затоа, велам, денес мора да го кренеме гласот против разнебитувањето и разграбувањето на нашето фолклорно наследство. Кога ако не денес? Кој ако не ние?  

Дозволете ми на крајот, на авторите Тодевски и Велковска да им честитам за тој потфат и да ги охрабрам низата да ја продолжат и длабински да ги откријат спецификите во интерптретацијата на секој од големиот број пејачи кои оставија свој печат врз македонскиот фолклор.

Министерството за култура и Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, со поддршката во објавувањето на оваа книга потврдуваат  дека ги препознале националните културни вредности, за што им изразуваме благодарност.

Но, тоа само по себе не е гаранција дека сме создале услови за зачувување и за развивање на тоа творештво.  

Георги Барбаровски

Промоција, 16.07.2020


Последно објавено

Известување

Согласно член 12 алинеа 3 од правилникот со тарифа на здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП Скопје,Собранието на

Scroll to Top

V. ХОТЕЛИ

ТАРИФЕН БРОЈ 5

1. За користење на музички дела во пансиони, хотелски соби, апартмани, хотелски населби, апартмански населби и сл. сместувачки капацитети, по пат на радио апарати, интерна телевизија од затворен тип или било која друга телевизиска или кабелска мрежа месечниот надомест изнесува 5 бода по реализирано ноќевање.

2. За користење на музички дела во заеднички простории на хотели (фоаје, ресторан сали и сл.) месечниот надомест се утврдува според категоријата на хотелот и тоа:

а) за хотели од В категорија, апартмани, пансиони и мотели од трета категорија надоместот изнесува 200 бода.
б) за хотели од IV и III категорија, мотели, апартмани и пансиони од втора категорија надоместот изнесува 400 бода.
в) за хотели од II категорија, мотели, апартмани и пансиони од прва категорија надоместот изнесува 800 бода.
г) за хотели од I категорија надоместот изнесува 1.200 бода.
д) за хотели де лукс категорија надоместот изнесува 2.000 бода.

3. Корисникот е должен да доставува до 15-ти во месецот за претходниот месец, извештај за бројот на реализирани ноќевања согласно точка 1 од овој тарифен број. Во случај кога корисникот нема да достави извештај во предвидениот рок кој треба да е идентичен со доставениот извештај до надлежен орган (Министерство за внатрешни работи на РМ и Локалната самоуправа) месечниот авторски надоместок ќе се пресметува во зависност од капацитетот на објектот и тоа:

а) до 25 гости 500 бода
б) од 26 до 50 гости 1.000 бода
в) од 51 до 75 гости 1.700 бода
г) од 76 до 100 гости 2.500 бода
д) од 101 до 500 гости 3.600 бода
ѓ) повеќе од 500 гости 6.000 бода

VII. ЗАНАЕТЧИСКИ ДУЌАНИ

ТАРИФЕН БРОЈ 7

1. За користење на музички дела по пат на механичка музика во берберски или фризерски салони, слаткарници, бурекџилници, сендвичари или други занаетчиски дуќани (со исклучок на простории во кои занаетчиска дејност врши физичко лице-занаетчија регистриран во Регистарот на занаетчии), месечниот надомест се утврдува во зависност од големината на просторот и изнесува:

а) од 01 до 30 м2 основицата изнесува 1 бод по 1 м2;
б) од 31 до 100 м2 основицата изнесува 0,8 бода по 1 м2 и
в) од 101 до 200 м2 основицата изнесува 0,7 бода по 1 м2 и
г) над 200 м2 основицата изнесува 0,6 бода по 1 м2

2. Кога музичките дела се соопштуваат и на отворен јавен простор, надоместот од претходниот став се зголемува за 100 бода.

XXVII. ИНТЕРНЕТ УСЛУГИ

Емитување и пренос на телевизиски програмски сервис

ТАРИФЕН БРОЈ 27

1. Стриминг на музички содржини без можности за даунлоудирање:
Авторскиот надоместок за користење на интернет услуги изнесува 10% од приходот на интернет страницата со музички содржини, но не помалку од минималниот износ, утврден во следната табела според категории:

Минималниот надомест за наведените категории се пресметува независно една од друга, а потоа се собираат.

Приходот се дефинира како приход од претплата, реклами, спонзорства, дотации, провизии, цесии, компензации и слични страници со музички содржини.

2. Даунлоудирање на музички дела Авторскиот надомест изнесува 8 % од малопродажната цена на содржината. Минималниот надомест изнесува 1 бод по дистрибуиран дел.

XXI. ТРГОВСКИ РАДИО ДИФУЗНИ ДРУШТВА

Емитување и пренос на радио програмски сервис

ТАРИФЕН БРОЈ 21

1) За емитување на несценски музички дела по пат на радио, кога користењето на авторското дело, се врши од страна на радио организација во која е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместoкот за користење се определува во номинален износ кој се пресметува во зависност од траењето на емитувањето, односно користењето евидентирано во системот за електронска евиденција.

2) кога користењето на авторското дело, се врши од страна на радио организација во која не е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во процент од приходот кој ги опфаќа средствата од радиодифузната такса и/или претплатата, рекламите, спонзорствата, дотациите и приходите од промет на програми. Како приход не се сметаат средствата од данок на додадена вредност, средствата од кредити и камати на кредити.

3) Организацијата за колективно управување и радио организацијата во случајот од точката 1) на овој став на барање на радио организацијата со договор можат да утврдат надоместот за користење на авторското дело односно предметот на сродно право да се определи во процент од приход согласно точка 2) од овој став.

4) При утврдување на надоместокот се зема во предвид и структурата и природата на програмата (форматот на радиодифузниот сервис), согласно со издадената дозвола за вршење радиодифузна дејност и тоа:

а) говорни и говорно-музички радија од општ формати во зависност од медиумската функција која ја остваруваат можат да бидат:

  • претежно образовен општ формат,
  • претежно информативен општ формат и
  • претежно забавен општ формат.

б) говорни и говорно-музички радија од специјализиран формат;
в) музичко-говорни и музички радија од општ формат и
г) музичко-говорни и музички радија од специјализран формат.

5) Подрачјето односно сервисната зона на која се врши дејноста.

Доколку со договор не е поинаку утврдено, авторскиот надомест се плаќа месечно согласно приложената табела. 

Радио програмски сервиси на локално ниво

Радио програмски сервиси на регионално ниво

Радио програмски сервиси на државно ниво

VI. ПРОДАЖНИ ЦЕНТРИ И ДРУГИ ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИ

ТАРИФЕН БРОЈ 6

1. За користење на музички дела по пат на механичка музика во продажни (шопинг) центри,стоковни куќи, бензиски пумпи, супермаркети, продавници, бутици, деловни простории и сл. месечниот надомест се утврдува во зависност од големината на просторот и изнесува:

а) од 01 до 30 м2 основицата изнесува 1 бод по 1 м2;
б) од 31 до 100 м2 основицата изнесува 0,8 бода по 1 м2 и
в) од 101 до 200 м2 основицата изнесува 0,7 бода по 1 м2 и
г) над 200 м2 основицата изнесува 0,6 бода по 1 м2

2. Кога музичките дела се соопштуваат и на отворен јавен простор надоместот од претходниот став се зголемува за 100 бода.

XXVI. ДАВАЊЕ ПОД НАЕМ

ТАРИФЕН БРОЈ 26

Авторскиот надомест за давање на фонограми и видеограми под наем изнесува 4% од висината на наемнината, врз основа на приложен извештај од корисникот најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.

XXIV. ЕМИТУВАЊЕ ПРЕКУ САТЕЛИТ ПО ПАТ НА СРЕДСТВА ЗА ДЕКОДИРАЊЕ НА СИГНАЛ (DIRECT TO HOME технологија)

ТАРИФЕН БРОЈ 24

Доколку со договор не е поинаку утврдено, авторскиот надомест за емитување на авторски музички дела преку сателит по пат на средства за декодирање на сигнал (DIRECT TO HOME технологија) плаќаат надомест во висина од:

  • 3,5 бода, по претплатник, месечно.

Операторот е должен да достави извештај за бројот претплатници, најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.

XXII.ТРГОВСКИ РАДИО ДИФУЗНИ ДРУШТВА

Емитување и пренос на телевизиски програмски сервис

ТАРИФЕН БРОЈ 22

1. За емитување на несценски музички дела по пат на телевизија, кога користењето на авторското дело, се врши од страна на телевизиска организација во која е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во номинален износ кој се пресметува во зависност од траењето на емитувањето, односно користењето евидентирано во системот за електронска евиденција.

2) кога користењето на авторското дело, се врши од страна на телевизиска организација во која не е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во процент од приходот кој ги опфаќа средствата од радиодифузната такса и/или претплатата, рекламите, спонзорствата, дотациите и приходите од промет на програми. Како приход не се сметаат средствата од данок на додадена вредност, средствата од кредити и камати на кредити.

3) Организацијата за колективно управување и телевизиската организацијата во случајот од точката 1) на овој став на барање на телевизиската организација со договор можат да утврдат надоместот за користење на авторското дело односно предметот на сродно право да се определи во процент од приход согласно точка 2) од овој став.

4) При утврдување на висината на надоместокот се зема во предвид и структурата и природата на програмата (форматот на радиодифузниот сервис), согласно со издадената дозвола за вршење радиодифузна дејност и тоа:

а) Телевизискиот програмски сервис од општ формати во зависност од медиумската функција која ја остваруваат можат да бидат:

  • претежно образовен општ формат;
  • претежно информативен општ формат и
  • претежно забавен општ формат.

б) Телевизискиот програмски сервис од специјализиран формат.

5) Подрачјето односно сервисната зона на која се врши дејноста.

Доколку со договор не е поинаку утврдено, авторскиот надомест се плаќа месечно согласно приложената табела.

Телевизиски програмски сервиси на локално ниво

Телевизиски програмски сервиси на регионално ниво

Телевизиски програмски сервиси на државно ниво

XX. ЈАВНО РАДИОДИФУЗНО ПРЕТПРИЈАТИЕ

ТАРИФЕН БРОЈ 20

1) За емитување на несценски музички дела, кога користењето на авторското дело се врши од страна на ЈП Македонска радиотелевизија доколку е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во номинален износ кој се пресметува во зависност од траењето на емитувањето, односно користењето евидентирано во системот за лектронска евиденција.

  • Месечниот надомест изнесува: номинален износ од 28,02 денари за секоја минута од ефективното траење на делото емитувано на програмите на Македонското радио и
  • номинален износ од 145,25 денари за секоја минута од ефективното траење на делото емитувано на програмите на Македонската телевизија.

2) кога користењето нa авторското дело, се врши од страна на страна на ЈП Македонска радиотелевизија доколку не е инсталиран системот за електронска евиденција, надоместокот за користење се определува во процент од приходот кој ги опфаќа средствата од радиодифузната такса и или претплатата, рекламите, спонзорствата, дотациите и приходите од промет на програми. Како приход не се сметаат средствата од данок на додадена вредност, средствата од кредити и камати на кредити. Месечниот надомест изнесува:

  • 3 % од приходите остварени врз основа на радио-
    дифузната такса и
  • 3% од приходите остварени врз основа на рекла-
    мите, спонзорствата, дотациите и приходите од промет
    на програми.

3) Организацијата за колективно управување и ЈП Македонска радиотелевизија во случајот од точката 1) на овој став на барање од ЈП Македонска радиотелевизија со договор можат да утврдат надоместот за користење на авторското дело односно предметот на сродно право да се определи во процент од приход согласно точка 2) од овој став.

XIX. СВИРАЧИ ПОЕДИНЦИ

ТАРИФЕН БРОЈ 19

Надомест плаќаат свирачи поединци (улични свирачи и др.) кои се регистрирани согласно закон за јавно соопштување на музички дела месечно во износ од 50 бода.

XVIII. МУЗИЧКИ АВТОМАТИ

ТАРИФЕН БРОЈ 18

За јавно соопштување на музички дела од музички автомати без екран, надомест се плаќа месечно и изнесува 300 бода.

За јавно соопштување на музички дела од музички автомти со екран, надомест се плаќа месечно и изнесува 450 бода.

XVII. АЕРОБИК, ФИТНЕС И САЛОНИ ЗА УБАВИНА

ТАРИФЕН БРОЈ 17

За користење на музички дела по пат на механичка музика во центри за аеробик, фитнес и салони за убавина (козметика и масажа) месечниот надомест изнесува:


а) до 50 м2 основицата изнесува 1 бод по 1 м2 и

б) од 50 м2 до 200 м2 основицата изнесува 1,5 бода по 1 м2.

в) за секој квадратен метар над 200 м2 основицата изнесува 2 бода по 1 м2.

XVI. ШКОЛИ ЗА ИГРАЊЕ

ТАРИФЕН БРОЈ 16

Надомест се плаќа месечно и изнесува без оглед на видот на музиката 240 бода.

XV. СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ

ТАРИФЕН БРОЈ 15

За користење на музички дела по пат на механичка музика на спортски простори, лизгалишта, базени и сл., месечниот надомест изнесува по следнава табела:

Број на седишта Број на бодови
до 1500 седишта
100 бода
од 1501 - 3000 седишта
150 бода
од 3001 - 10000 седишта
200 бода
од 10001 - 30000 седишта
300 бода
над 30001 седишта
400 бода

XIV. ЗАБАВНИ ПАРКОВИ

ТАРИФЕН БРОЈ 14

За користење на музички дела по пат на механичка музика во забавни паркови, месечниот надомест изнесува 100 бода.

XIII. САЛОНИ ЗА ЗАБАВА

ТАРИФЕН БРОЈ 13

За користење на музички дела по пат на механичка музика во салони за забава и игри на среќа (обложувалници, билијард, автомати, флипери и сл.), доколку не се даваат угостителски услуги, месечниот надомест изнесува 50 бода.

XII. ТЕЛЕКОМ УСЛУГИ

ТАРИФЕН БРОЈ 12

За соопштување на музички дела по пат на  телефон надомест се плаќа месечно во износ од 10% од приходот остварен остварен по тој основ, според бројот на регистрирани импулси.

Доколку корисникот не достави податоци за остварениот приход, надоместот ќе се пресмета во двоен износ од последниот месец за кој постојат податоци.

Доколку се работи за нов корисник кој нема да достави податоци за остварениот приход, надомест ќе му се пресмета во двоен износ, врз основа на просекот на податоци добиени од други корисници.

XI. КИНО САЛИ

ТАРИФЕН БРОЈ 11

За користење на музички дела по пат на механичка музика, пред почетокот на претставата, во паузата или по претставата во кино салата, се плаќа месечен надоместок по следната табела:

Број на седишта Број на бодови
до 100 седишта
24 бода
од 101 до 200 седишта
40 бода
од 201 до 400 седишта
80 бода
од 401 до 600 седишта
120 бода
над 601 седишта
160 бода

X. ЧЕКАЛНИЦИ И СТАНИЦИ

ТАРИФЕН БРОЈ 10

За користење на музички дела по пат на механичка музика месечниот надомест изнесува:-

  • на автобуски станици 240 бода, 
  • на железнички станици 320 бода,
  • на бродски пристаништа 320 бода,
  • на аеродроми 400 бода.

IX. СЛУЖБЕНИ ПРОСТОРИИ СО МАСОВЕН ПРИСТАП НА СТРАНКИ (БАНКИ, АГЕНЦИИ )

ТАРИФЕН БРОЈ 9

За користење на музички дела по пат на механичка музика во банки, агенции и сл.простории со масовен пристап на странки месечниот надомест изнесува 100 бода.

VIII. САЕМИ

ТАРИФЕН БРОЈ 8

За користење на музички дела по пат на механичка музика, надомест се плаќа во висина од 300 бода дневно.

XXV. КАБЕЛСКО РЕЕМИТУВАЊЕ РАДИО И ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОГРАМИ ВО КАБЕЛСКА МРЕЖА

ТАРИФЕН БРОЈ 25

Доколку со договор не е поинаку утврдено, авторскиот надомест за емитување на авторски музички дела за дистрибуција на радио и телевизиски програми во кабелска мрежа, кабелските оператори плаќаат надомест во висина од:

  • 3,5 бода, по претплатник, месечно.

Операторот на кабелска мрежа е должен да достави извештај за бројот на претплатници, до 15-ти во месецот за претходниот месец.

IV. ДРУГИ ПРИРЕДБИ

ТАРИФЕН БРОЈ 4

1.За јавно соопштување на музички дела по пат на механичка музика во угостителските објекти, диско клубови и ноќни барови, месечниот надомест се утврдува врз основа на бројноста на потенцијалните корисници, категоријата и големината на просторот, правата, видовите и обемот на нивното користење односно траење на јавното соопштување и изнесува како што е предвидено во следната табела:

Број на столови во затворен или отворен простор, односно можен број посетители Трање на јавното соопштување на музички дела (до 24 часот) / (Бодови) Трање на јавното соопштување на музички дела (по 24 часот) / (Бодови)
до 40
120
240
од 41 до 80
160
320
од 81 до 120
200
400
од 121 до 180
240
480
од 181 до 240
280
560
од 241 до 300
320
640
од 301 до 360
360
720
од 361 до 420
400
800
од 421 до 480
440
880
од 481 до 540
480
960
од 541 до 600
520
1040
од 601 до 660
560
1120
од 661 до 720
600
1200
од 721 до 780
640
1280
од 781 до 840
680
1360
од 841 до 900
720
1440
од 901 до 1000
760
1520
Над 1001
800
1600

2. За користење на жива музика основицата од став 1 се зголемува за 50%.

3. Во случаи кога се наплатуваат влезници или задолжителна консумација, основицата од став 1 и 2 се зголемува за дополнителни 50%.

III. ДРУГИ ПРИРЕДБИ

ТАРИФЕН БРОЈ 3

За јавно соопштување музички дела:

а) на танцов натпревар, ревија на мраз, кабаре, балет, академија или слична приредба со наплата на влезници, надоместот изнесува 6% од приходот, а најмалку 500 бода колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наведената наплата;

б) на модна ревија, избор на убавица, демонстрација на производи или слични приредби со наплата на влезници, надоместот изнесува 4% од приходот, а најмалку 500 бода колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наведената наплата;

в) на циркуска, артистичка или слична приредба со наплата на влезници, надоместот изнесува 3% од приходот, а најмалку 500 бода колку што изнесува надоместот и во случај кога приредбата е без наведената наплата.

г) на спортски приредби надоместот изнесува:

  • до 1500 седишта 100 бода
  • до 1501 – 3000 седишта 150 бода
  • од 3001 – 10.000 седишта 200 бода
  • од 10.001 – 30.000 седишта 300 бода
  • над 30.001 седишта 400 бода
Тарифен Број 2

Тарифен Број 2

II. ЗАБАВНИ ПРИРЕДБИ

За јавно соопштување на музички дела:

а) на забава, игранка, другарска вечер, прослава, банкет, матурска, бруцошка, дипломска, клупска вечер и сл. со наплата на влезница или друг облик на наплата надоместот изнесува 8% од приходот.
На забава, игранка, другарска вечер, прослава, банкет, матурска, бруцошка, дипломска, клупска вечер и сл.во случај кога приредбата е без наведената наплата надоместот изнесува 8% од трошоците потребни за кoристењето, како што се надоместоците на авторите, трошоците за користење на просторот и други соодветни трошоци.

б) на сезонски забавни приредби како што се бал, маскенбал, карневал, пречек на Нова година, 8 март и слични со наплата на влезници или друг облик на наплата, надоместот изнесува 9,60% од приходот. На сезонски забавни приредби како што се бал, маскенбал, карневал, пречек на Нова година, 8 март и слични во случај кога приредбата е без наведената наплата надоместот изнесува 9,60% од трошоците потребни за користењето, како што се надоместоците на авторите, трошоците за користење на просторот и други соодветни трошоци.

в) на приредби (свадби, крштевки, сунети и слични приредби) со наплата на влезници или друг вид на наплата надоместот да изнесува 4% од приходот.

На приредби (свадби, крштевки, сунети и слични приредби) во случај кога приредбата е без наведената наплата надоместот изнесува 4 % од трошоците потребни за користењето, како што се надоместоците на авторите, трошоците за користење на просторот и други соодветни трошоци.