„Алкалоид“ годинава одбележува 85 години од своето постоење со кампања за поддршка на дечињата кои се лекуваат на Универзитетската клиника за Детски болести во Скопје. Преку кампањата „Чукни во дрво“, со секој преглед на видео спотот на дигиталните канали на „Алкалоид“, Јутјуб, Фејсбук и Инстаграм, компанијата ќе донира по еден денар на Клиниката за детски болести.
Песната „Чукни во дрво“ , преработка на култната песна на „Леб и сол„ која прв пат беше испеана пред 32 години, е дел од проектот „Дајте музика“.
Видеоспотот за песната е во режија на Игор Иванов-Изи, а преработката на музиката е во реализација на музичкиот продуцент Мите Димовски и студиото „Тралала“.
„