Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски одржаа предновогодишен концерт во Скопје во Македонска филхармонија на 23-ти декември.
Проектот ,,Песни за љубов и копнеж” од Каролина, Дуке и Исмаил, кој всушност претставува студиски албум и концертна промоција е сочинет од 11 стари македонски композиции од македонската забавна музика, авторски дела на наши реномирани композитори: Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…