На ден 17.09.2024 година се одржа седница на Собранието на ЗАМП. На истата беше донесена следната одлука:
- Да не се примаат пријави на дело во писмена форма од автори без MP3 со bitrate од 320kps.
- Пријавите на дело доставени до ЗАМП во електронска форма преку порталот за автори MOJZAMP да бидат верификувани (потврдени) од сите коавтори на музичкото дело кое е предмет на пријавување.
- Пријавите на дело доставени до ЗАМП во хартиена форма кои содржат MP3 фајл или нотен запис, да бидат потпишани од сите коавтори на музичкото дело кое е предмет на пријавувањето.
Одлуката стапува во сила на денот на донесувањето.