Врз основа на член 16 од Статутот на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП Скопје, се повикуваат членовите на ЗАМП на седница на автори, која ќе се одржи на ден 30.05.2026 година (сабота) со почеток во 11:00 часот во Хотел Холидеј Ин во Скопје.
Списокот на носителите на авторски права – членови на ЗАМП Скопје е објавен на интернет страницата на ЗАМП Скопје – www.zamp.mk.
На седницата на автори ќе се расправа по следниот Дневен ред:
- Поднесување на Извештај за финансиското работење за периодот 2022-2026 година;
- Избор на претседавач кој ќе раководи со седницата и избор на комисија која ќе врши проверка на документацијата за исполнување на условите на кандидатите и пребројување на гласачките ливчиња;
- Предлагање и утврдување на кандидати за избор на 2 (два) членови на Надзорниот одбор на ЗАМП Скопје чиј мандат ќе започне на 01.07.2027 година;
- Предлагање и утврдување на кандидати за избор на 2 (два) членови на Надзорниот одбор на ЗАМП Скопје чиј мандат ќе започне на 28.11.2027 година;
- Предлагање и утврдување на кандидати за избор на нов состав на Собранието на ЗАМП Скопје.
Претседател на Собранието на ЗАМП
Дејан Момироски с.р.
