Врз основа на член 4 став 2 од Деловникот за работа на Управниот одбор на ЗАМП Скопје, член 24, член 61 и 62 од Статутот на ЗАМП Скопје, Правилникот за систематизација на работните места во ЗАМП Скопјеи Одлуката од 08.07.2026 година на УО на ЗАМП Скопје, се објавува следниот:
КОНКУРС
за избор на Директор на Стручната служба на Здружението за заштита на авторски и музички права ЗАМП Скопје
I. Кандидатите кои ќе се пријават на овој конкурс покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со актите на ЗАМП Скопје и тоа:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образовани;
- Да има минимум 5 (пет) години работно искуство во областа на колективното управување со авторските права
- за предност ќе се смета работното искуство стекнато на раководни позиции, како и познавања од областа на авторското право со акцент на менаџерските способности и лидерските вештини;
- Активно познавање на најмалку еден странски јазик (англиски, германски, француски)
- Положен возачки испит – Б категорија;
- Познавање на работа со компјутер.
II. Кандидатите со својата пријава на овој конкурс потребно е да ги приложат следните документи:
- Кратка биографија (Curriculum vitae);
- Уверение за завршеното образование;
- Доказ за познавање на англиски јазик;
- Доказ за работното искуство.
III. Услови и бенифиции
- Договор на определено време 4 години со можност за продолжување;
- 40 часа работно време;
- Распоред на работното време од 08:00 до 16:00 часот;
- Гарантирана основна месечна плата согласно актите на ЗАМП Скопје.
IV. Конкурсот трае 8 (осум) дена од денот на објавување на огласот.
V. Документите да бидат доставени до Управниот одбор на ЗАМП Скопје на адреса: “ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.28 Скопје-Центар“ или електронски во скенирана форма на електронското сандаче zamp@zamp.com.mk, со назнака „Конкурс за избор на директор на Стручната служба на ЗАМП Скопје“ најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од конкурсот.
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА
УПРАВЕН ОДБОР НА ЗАМП
Љупчо Павловски с.р.

